Ганимед (митологија)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Ганимед (митологија)
Remove ads

Ганимед е лик во старогрчката митологија, кој ѝ го дал името на Троја. Во делата на Апулеј, Ганимед е наречен Катамитус.[1]

Thumb
Ганимед, биста, 2 век од н.е., Лувр

Митот за Ганимед

Хомер го опишува Ганимед како најубавиот меѓу смртниците. Тој бил син на Калирхо и на Трос од Дарданија, од чие име го извел името Троја. Неговите браќа биле Ила и Асарака. Во една верзија на митот, Зевс се вљубил во Ганимед и, претворен во форма на орел, го грабнал за да служи како виноточец на Олимп. Во поезијата, Ганимед е симбол за убаво младо момче кое предизвикува страст и љубов и кај жените и кај мажите.

Зевс, претворен во орел, го грабнал од овчарот Ганимед тројанската рамнина. Постои и предание дека од Троја го одвела Еоја, која што го завела, и дека Зевс го грабнал Ганимед од неа. Кога бил поставен за пехарник, Хера се жалела дека со тоа им била нанесена навреда нејзе и на нејзината ќерка Хеба која дотогаш ги послужувала боговите со вино, но со тоа само го налутила Зевс, кој тогаш го поставил ликот на Ганимед меѓу ѕвездите како Водолија.[2]

Remove ads

Ганимед како тема во уметноста и во популарната култура

Ганимед се јавува како тема во делата од уметноста и популарната култура, како:

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads