Олимп

From Wikipedia, the free encyclopedia

Олимп
Remove ads

Олимп (грчки: Όλυμπος) — планина што се наоѓа во Грција помеѓу Егејска Македонија и Тесалија, сместена неколку километри западно од Солунскиот Залив. Таа е највисоката планина во Грција (2917 м), во етничка Македонија и втора на Балканскиот Полуостров по Рила (2925 м). Често се нарекува и Дом на боговите[1]. Уште од најстаро време Олимп бил граница меѓу Македонците и Грците.

Повеќе информации Олимп ...

Поради особените природни убавини, историското и научното значење на шумите и шумските предели на планината, богатството на растенија,еден дел со површина од 4 000 хектари, во 1938 година е прогласен за национален парк. Тој е и најстариот национален парк во Грција. Од 1981 година планината е под протекторат на УНЕСКО.

Thumb
Врвот Митика
Remove ads

Местоположба

Наоѓа се во јужниот дел на Балканскиот Полуостров крај брегот на Егејско Море, оддалечена на околу 100 км југозападно од Солун. Олимп изнесува околу 600 км2. Од исток на запад планината има должина 25 км, а од север на југ 28 км. Ги дели рамнините на Пиерија (Егејска Македонија) и Тесалија. Исто така и административно денес планината е поделена меѓу покраините Тесалија и Централна Македонија, околија Пиерија.

Податотека:126910main image feature 402 моuntolympus.jpg
Сателитска слика
Remove ads

Релјеф и земјишни облици

Thumb
Релјеф

Позначајни врвови

На планината постојат 46 врвови повисоки од 2000 метри и 47 повисоки од 1000 метри. Најзначајни врвови на Олимп се:

  • Митика(Μύτικας) - 2917 м - највисок во Грција и втор на Балканот по Мусала.
  • Сколио (Skolio) - 2905 м [2][3]
  • Стефани (Stefani) - 2910 м [4]
  • Скала (Skala) - 2866 м
  • Свети Антон (Agios Antonis) - 2815 м
  • Пророк Илија (Profitis Ilias) - 2803 м
  • Тумба (Toumba) - 2785 м

Од повеќето од овие врвови се гледа голема површина - Пиерија на север, Солунскиот Залив на исток, на југ планината Кишава (Оса) и рамнината на Тесалија, а на запад до Пинд.

Thumb
Врвови

Геолошки состав

Флора и фауна

Овде се забележани повеќе од 1700 видови растенија, што е околу 25% од целата флора на Грција. Голем е бројот на ендемските видови. Исто така има 32 видови цицачи, како дивокоза и диви свиња. Бројот на видовите птици е 108, клучувајќи и некои редки видови како Црн мршојадец (Aegypius monachus), Брадест мршојадец (Gypaetus barbatus), Еребица камењарка (Alectoris graeca), Шумски був (Strix aluco), Жолтоклуна галка (Pyrrhocorax graculus), Дрозд камењар (Monticola saxatilis), Снежно врапче (Montifringilla nivalis), Скалес лазач (Tichodroma muraria), Шареногуша завирушка (Prunella collaris) итн.

Remove ads

Клима и туризам

Планината има доста посетители. Во зимскиот период, температурата се движи од -17 до -5 °C, а лете од -2 до 3 °C. По падините на планината е развиено и сточарството.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads