Гдањско пристаниште

From Wikipedia, the free encyclopedia

Гдањско пристаништеmap
Remove ads

Гдањско пристаниште (полски: Port Gdańsk) — пристаниште на јужниот брег на Гдањскиот Залив во градот Гдањск, Полска. Се протега долж устието на Висла наречено Мртва Висла и Пристанишниот Канал. Претставува едно од најголемите пристаништа на Балтичкото Море.

Кратки факти Гдањско пристаниште Port Gdańsk, Местоположба ...
Thumb
Контејнерски терминал
Thumb
Поглед на Гдањското пристаниште од главниот јарбол на едреникот „Фредерик Шопен“

Пристаништето е поделено на два дела, наречени Внатрешен и Надворешен.

Remove ads

Внатрешно пристаниште

  • Port of Gdansk Cargo Logistics S.A. — сеопшт стопанисувач со пристаништето товарни и складишни услуги за кабаста и општа стока
  • контејнерски терминал
  • траектни терминали
    • „Полферис“
    • „Вестерплате“
  • терминал за фосфати
  • терминал за течен и кабаст сулфур
  • терминал за овошје

Пристаништето има посебна опрема за товарни работи и инфраструктура, овозможувајќи работа со жито, ѓубрива, дрвена граѓа, руда, челик и контејнери, како и опслужување и поправка на пловила од типот „ро-ро“.

Remove ads

Надворешно (Северно) пристаниште

Северното пристаниште (Надворешно пристаниште) е сместено во подлабок дел, непосредно во Гдањскиот Залив. Тука се поправаат и опслужуваат големи бродови со носивост до 300.000 тони и надлегнатост до 15 м кои влегуваат во Балтичкото Море.

  • терминал за јаглен
  • Нафтопорт — терминал за сирова нафта, горива и огревни масла
  • терминал за течен нафтен гас (ТНГ)
  • длабок контејнерски терминал

Претовар

  • 1978 — 27,7 милиони тони
  • 2000 — 16,5 милиони тони
  • 2001 — 17,8 милиони тони
  • 2002 — 17,4 милиони тони
  • 2003 — 21,3 милиони тони
  • 2004 — 23,3 милиони тони
  • 2005 — 23,3 милиони тони
  • 2006 — 22,4 милиони тони
  • 2007 — 19,8 милиони тони
  • 2008 — 17,8 милиони тони
  • 2009 — 18,9 милиони тони[1]
  • 2010 — 27,2 милиони тони[2]
  • 2011 — 25,3 милиони тони[1]
  • 2012 — 26,9 милиони тони[1]
  • 2013 — 30,0 милиони тони (рекорд)

Поврзано

  • Гдињско пристаниште

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads