Гдањски Залив
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гдањски Залив (полски: Zatoka Gdańska; кашупски: Gduńskô Hôwinga; руски: Гданьская бухта) или Данцишки Залив (германски: Danziger Bucht) — залив во југоисточниот ден на Балтичко Море, наречен по граодт Гдањск во Поморското Војводство, северна Полска.

Географија

Западниот дел на Гдањскиот Залив се образува од плитките води на Пуцкиот Залив. Најјугоисточниот дел на оваа површина е Висланскиот Залив ограничен од Висланскиот Провлак и поврзан со отвореното море преку Балтијскиот Проток.
Заливот е обиколен со голем лак одбреговите на Гдањското Поморје (Источно Поморје или Источна Померанија) во Полска (’ртот Розовје, Хелски Провлак) и Калининградската Oбласт во Русија (Земландски Полуостров или Самбија). Напоредно на бреговите се протегаат два исклучително долги провлака — Хелскиот и Висланскиот. Едниот го одделува Пуцкиот, а другиот, Висланскиот Залив.
Максималната длабочина на Гдањскиот Залив изнесува 118 м[1] и има соленост од 8 ‰.[2].
Поважни пристанишни и крајбрежни градови се Гдањск, Гдиња, Пуцк, Сопот, Хел, Калининград, Приморск и Балтијск. Поважни реки што се влеваат во заливот се Висла и Преголја. Висла се влева преку три ракави — Лењивка, Шмјала Висла и Мартва Висла, како и посредно преку Висланскиот Залив со ракавите Ногат и Шкарпава.
Remove ads
Историја

Втора светска војна
Бреговите на заливот биле бомбардирани од море во Битката во Гдањскиот Залив за време на Инвазијата на Полска во 1939 г.
Курсениеки
Долж Курскиот Провлак денес живее речиси изумрениот балтички народ Курсениеки, наследници на старите Кури. Во минатото овој народ населувал многу пошироко подрачје — од Мемел (Клајпеда) до Данциг (Гдањск). Со време тие се претопиле со Германците, освен долж Курскиот Провлак, каде сè уште опостојуваат како посебен народ. Сè до завршетокот на Првата светска војна (независноста на Латвија) биле сметани за Латвијци поради јазичните сличности, како дел од пошироките побарувања на Курскиот Провлак, Мемел и други територии во Источна Прусија како латвиски краишта. Латвијците подоцна се откажале од ваквите тврдења.
Remove ads
Поврзано
- Гдањско пристаниште
- Вислански Залив
- Вислански Провлак
- Балтијски Проток
- Поморско Војводство
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads