Гезерски календар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гезерски календар е мала испишана табличка од варовник откриена во 1908 година од ирскиот археолог Роберт Макалистер во древниот Ханаански град Гезер, 32 километри западно од Ерусалим. Датирана е на 10 век п.н.е., ископувањата биле нестратиграфски[1] и неговото идентификување при самото ископување не било извршено со сигурен археолошки контекст, со што датирањето останува да биде несигурно.[2]

Научниците се поделени во мислењата околу тоа дали јазикот е феникиски или хебрејски како и дали текстот е напишан со феникиско писмо (или со хананска азбука) или палеоеврејско писмо.[3][4][5][6][7][8]
Remove ads
За текстот
Календарот е напишан на варовничка плочка и опишува месечни или двомесечни периоди и одлики за месеците според обврските за сеење, жнеење, садење или одгледување посебни растенија.
Текстот е на феникиско писмо или палеоеврејско писмо:
- ירחואספ ירחוז
- רע ירחולקש
- ירחעצדפשת
- ירחקצרשערמ
- ירחקצרוכל
- ירחוזמר
- ירחקצ
- אבי (ה)
Ова одговара на следнава транслитерација:
- yrḥw ’sp yrḥw z
- r‘ yrḥw lqš
- yrḥ ‘ṣd pšt
- yrḥ qṣr š‘rm
- yrḥ qṣrw kl
- yrḥw zmr
- yrḥ qṣ
- ’by (h)
Текстот е преведен вака:
- Два месеци собирање (септември, октомври)
- Два месеци садење (ноември, декември)
- Два месеци доцно сеење (јануари, февруари)
- Еден месец сечење лен (март)
- Еден месец жнеење јачмен (април)
- Еден месец жнеење и мерење на жито (мај)
- Двомесечен градинарски период (јуни, јули)
- Еден месец летно овошје (август)[9]
Научниците сметаат дека календарот можеби е школска вежба за меморија, текст на популарна песна или детска песна. Друга претпоставка е дека текстот е создаден заради собирање на данок од земјоделците.
Remove ads
Историја
Календарот бил откриен во 1908 година од ирскиот археолог Роберт Макалистер во древниот Ханаански град Гезер, 32 километри западно од Ерусалим.
Денес се наоѓа во Музејот на древниот Исток, кој е дел од Археолошкиот музеј во Истанбул,[10][11] каде се сместени и други артефакти откриени пред Прва светска војна. Реплика од овој календар се чува во Израелскиот музеј во Израел.
Поврзано
- Список на артефакти поврзани со Библијата
- Археологија на Израел
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads