Феникиски јазик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Феникиски јазик — изумрен канански јазик, дел од групата на севеорозападни семитски јазици. Феникискиот бил изворно зборуван во крајбрежниот средоземен регион Ханан, во Блискиот Исток. Феникиското говорно подрачје во Блискиот Исток, а подоцна и држава, е позната како Феникија. Јазикот бил најсроден со хебрејскиот јазик.[1][2]
Споредено со денешните територии, феникискиот се зборувал на териториите на Либан, крајбрежјето на Сирија, крајбрежните северни делови на Израел, како и мали делови на Кипар и Анадолија.[3] Со подемот на феникиската цивилизација се создале и феникиски колонии околу Средоземното Море. Следствено на тоа, феникиското говорно подрачје се проширило на територии на денешните Тунис, Мароко, Либија и Алжир, а во помали делови и на Малта, Италија (Сицилија, Сардинија и Корзика) и крајбрежјето на Шпанија заедно со Балеарските Острови.
Remove ads
Писмо
Феникискиот јазик се пишувал со феникиската азбука, согласно писмо (абџад) кое потекнувало до пракананската азбука. Одлика на ова писмо е што се пишувале само согласки. Феникиската азбука станала основа за создавање на старогрчкото писмо (а преку него и кирилското), но и основа за создавање на етрурското писмо, кое пак било основа за латинското. Феникиската азбука која се користела во Картагина се развила во малце поразлична, поточно имала позакосени букви. Истото, во 3 век п.н.е. се појавила тенденција за бележење и на самогласките, особено крајните самогласки, со употреба на буквите алеф или ајин.[4]
Remove ads
Зборовен фонд
Именките воглавно се создаваат со комбинација на согласни корени и самогласни елементи, но тие исто така може да се создадат и со претставките /m-/, која искажува дејство или нивен резултат, а поретко со /t-/) и наставката /-ūn/. Апстрактни именки може да се создадат со наставката -t (најверојатно /-īt/, /-ūt/).[5] Придавките може да се создадат по принципот со познатата семитска наставка /-īy/.
Remove ads
Наводи
Литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads