Генерал
воен чин From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Генерал (лат. generalis - главен)[1] е општ назив за воен офицер од највисок ранг чија употреба започнала во XVII век, во периодот кога започнало организирањето на професионални армии.
Во зависност од чинот, генералот може да командува со највисоките здружено-тактички воени единици, здружени оперативно-тактички групи или стратегиско-оперативни групации. Генералот може да раководи и со високи воени установи, родови, служби на вооружените сили и сл. Во повеќето армии генералот е степенуван во 3-4 чина:
- бригаден генерал
- генерал мајор
- генерал потполковник
- генерал
Во некои армии постоеле или и денес постојат офицерски чинови и со повисок ранг од генералскиот, како што се: војвода, маршал, фелдмаршал, генералфелдмаршал, генералисимус и други.
На генералот во копнената војска му е соодветен чинот на адмирал во воената морнарица.
Remove ads
Генералот како тема во уметноста
- „Генерал“ - расказ на јапонскиот писател Рјуносуке Акутагава од 1922 година.[2]
- „Генерал во библиотеката“ (Un generale in biblioteca) - расказ на италијанскиот писател Итало Калвино.[3]
- „Генералот на мртвата војска“ - роман на албанскиот писател Исмаил Кадаре.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads