Генетски код

From Wikipedia, the free encyclopedia

Генетски код
Remove ads

Генетскиот код или генетско упатство — група правила со кои информацијата закодирана во генетскиот материјал (ДНК или иРНК-низи) се транслира во белковинии (низи од аминокиселини) од страна на живите клетки. Тој е универзален, присутен е во клетките на сите видови живи организми, па дури и кај вирусите.

Thumb
Низа од кодони во дел од информативна РНК (иРНК) молекула. Секој кодон се состои од три нуклеотиди, кои обично претставуваат една аминокиселина. Нуклеотидите се означуваат со буквите A, U, G и C. На сликата е претставена иРНК, кај која се среќава U (урацил). Во ДНК наместо урацил има Т (тимин). Оваа молекула на иРНК според овој прикажан код ќе го води рибозомот во синтезата на белковини.

Кодот одредува како низите од три (тројки) нуклеотиди, означени како кодони, специфицираат која аминокиселина ќе биде додадена следна за време на синтезата на белковини, со други зборови кодонот го одредува нивниот редослед. Со одредени исклучоци,[1] тринуклеотиден кодон во низа од нуклеинска киселина специфицира една аминокиселина. Поради тоа што повеќето гени се закодирани со точно истиот код (види ја табелата на кодони на РНК), овој особен код често се нарекува каноничен или стандарден генетскки код, или едноставно генетски код, иако, всушност, еволуирале некои варијантни кодови. На пример, синтезата на белковини во човечките митохондрии е во врска со генетски код кој се разликува од стандардниот.

Не сета генетскка информација е зачувана во генетскиот код. ДНК на сите организми содржи регулаторни низи, меѓугенски сегменти, хромозомски структурни области и друга некодирачка ДНК која може значително да придонесе за особините на фенотипот. Овие елементи дејствуваат под раководството на група правила кои се разликуваат од парадигмата кодон-до-аминокиселина која го опишува дејството на генетскиот код.

Remove ads

Важни одлики

Рамка за читање на низи

Кодонот се дефинира од првичниот нуклеотид со кој започнала транслацијата. На пример, ланецот GGGAAACCC, доколку се чита од првата позиција, ги содржи кодоните GGG, AAA и CCC; а ако се чита од втората позиција, тогаш ги содржи кодоните GGA и AAC; но доколку се чита почнувајќи од третата позиција - GAA и ACC. Според ова, секоја низа може да се чита во три читачки рамки, од кои секоја ќе даде различна аминокиселинска низа (во дадениот пример: Gly-Lys-Pro, Gly-Asn, или Glu-Thr, соодветно). Кај двојнонишковата ДНК постојат шест можни читачки рамки, три во насока напред на едната нишка и три обратно на спротивната нишка. Рамката со која една белковинска низа се транслира се дефинира од почетен кодон, и тоа најчесто првиот AUG кодон во иРНК-низата.

Старт и стоп кодони

Транслацијата започнува со кодон кој иницира создавање на ланец (старт-кодон). За разлика од стоп-кодоните, самиот кодон не е доволен за да започне процесот. Блиските низи (каква што е Шајн-Далгарновата кај E. coli) и факторите на иницијација се исто така потребни за почеток на транслацијата. Најчестиот старт-кодон е AUG, кој се чита како метионин, или, кај бактериите, како формилметионин. Други старт-кодони (во зависност од организмот) се "GUG" или "UUG"; овие кодони нормално ги претставуваат аминокиселините валин и леуцин, соодветно, но, како старт-кодон, тие се транслираат како метионин или формилметионин.

Трите стоп-кодони се наречени: UAG е килибар (amber), UGA е опал (понекогаш и умбер), а UAA е окер (ochre). „Килибар“ е именуван од истражувачите Ричард Епштајн и Чарлс Штајнберг според нивниот пријател Харис Бернштајн, чие презиме значи „килибар“ на германски. Другите два стоп-кодони се именувани според боите. Стоп-кодоните се исто така наречени „терминациски“ или „бесмислени“ кодони. Тие сигнализираат ослободување на создадениот полипептид од рибозомот, бидејќи не постои сродствена тРНК која има антикодони комплементарни на овие стоп сигнали, па така за рибозомите се врзува рилизинг-фактор.

Remove ads

Табели за кодоните

неполарна поларна базна кисела (стоп кодон)
Повеќе информации 2ра база, U ...
Повеќе информации Ala/A, Leu/L ...
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads