Фенилаланин
хемиско соединение From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Фенилаланин (со кратенки Phe или F) е α-аминокиселина со формула HO2CCH(NH2)CH2C6H5. Таа може да се најде во млекото од цицачите, но се продава и како додаток во исхраната поради своите аналгетски и антидепресивни својства. Фенилаланинот е структурно близок до допаминот, епинефринот (адреналинот) и тирозинот.
Фенилаланинот е неопходна аминокиселина и е класифицирана како неполарна поради хидрофобноста на бензиловиот страничен ланец. Кодоните за L-фенилаланин се UUU и UUC. Тоа е бела, прашкаста цврста супстанца. L-фенилаланинот (LPA) е електронеутрална аминокиселина и е една од дваесетте аминокиселини кои се користат за добивање на белковини по биохемиски пат.
Remove ads
Биолошки улоги
L-фенилаланинот може исто така што се претвори во L-тирозин. Потоа L-тирозинот се претвори во L-DOPA, супстанца која понатаму се претвора во допамин, норадреналин (норепинефрин), како и адреналин (епинефрин). Последните три супстанци се познати како катехоламини.
![]() |
Фенилаланинот го користи истиот активен транспортен канал како и триптофанот за да ја помине крвно-мозочната препрека. Во големи количини, тој интерферира во производството на серотонин.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads