Географија на Австрија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads

Мстоположба
Австрија е држава која се наоѓа во Средна Европа.
Граници
Австрија се граничи со Германија и Чешка на север, Словачка и Унгарија на исток, Италија и Словенија на југ, и Швајцарија и Лихтенштајн на запад[1].
Плоштината на Австрија изнесува 83,871 км2[1][2], и според неа се наоѓа на 112 место во светот. Австрија е планинска земја. Најголем простор од нејзината територија зафаќаат Алпите. Тие се делат на Салцбуршки во северниот дел, во средишниот Таври, а на југ Карнишкорушки Алпи. Во западниот дел на Австрија Алпите се високи, а во источниот дел тие се пониски и со своите падини постепено се спуштаат до Панонската Низина. Алпите се богати со шуми и пространи пасишта.
Remove ads
Население
Австрија има 8,356,707 жители (2009), а густината на населението изнесува 99/km2 жител на км2. Главниот град Виена со 1,631,082 жители е најголемиот град во земјата.
Клима
Во Австрија климата е умерено-континентална, континентална и планинска. Најголемо сообраќајно значење за Австрија има реката Дунав. Преку неа Австрија се поврзува со сите подунавски земји. Други поголеми реки се Драва и Мура.
Австрија од рудното богатство има железна, олово-цинкова руда, камен јаглен, нафта и друго. Австрија е високоразвиена индустриска и земјоделска земја.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads