Драва
река во Италија, Словенија, Хрватска и Унгарија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Драва или Драве[1] (германски: Drau; словенечки: Drava; хрватски: Drava; унгарски: Dráva [ˈdraːvɒ]; италијански: Drava) — река во јужниот дел на Средна Европа. Со должина од 710 км,[2] 724 км ако е додаден изворот Секстнер Бах, таа е петтата или шестата најдолга притока на реката Дунав, после Тиса, Сава, Прут, Муреш, и можеби Сирет. Драва има сливна површина од 40,154 км2[2] Нејзиниот среден истек е сезонски од 500 м3 до 670 м3 Нејзиниот извор е близу гратчето Инихен/Сан Кандидо, долината Пустер во Јужен Тирол, Италија. Реката тече кон исток низ Источен Тирол и Корушка во Австрија кон регионот Штаерска во Словенија. Таа тогаш врти кон југоисток, минувајќи низ Хрватска и, спојувајќи се со нејзината главна притока Мура, го обликува поголемиот дел од границата помеѓу Хрватска и Унгарија, пред да се влее во Дунав во Осиек.
Remove ads
Име
Во античко време, реката била позната како Дравус (Dravus) или Драус (Draus) на латински, а на грчки како Драос (Δράος)[3][4] и Дравос (Δράβος). Средновековните споменувања на името се Дравис (Dravis) (ок. 670 година), Драува (Drauva) (во 799 година), Драуус (Drauus) (во 811 година), Трауум (Trauum) (во 1091 година) , и Трах (Трах) (во 1136 година). Името е предримско и предкелтско, но веројатно од индоевропско потекло, од коренот *dreu̯- 'проток'.[5] Реката го дава своето име на дравитот кој е врста на турмалин.[6]
Remove ads
Преглед
Драва и Шпељ се единствените две реки кои потекнуваат од Италија и се влеваат во базенот на Дунав. Реката е четврта најголема и најдолга притока на Дунав.[7] Главни притоки на Драва се:
- леви притоки: Гајл (Австрија), Мислиња (Словенија), Дравиња (Словенија) и Бедња (Хрватска);
- десни притоки: Гурк (Австрија) и Мура (Хрватска).
Драва тече низ градовите: Иничен во Италија, Лијенц, Шпитал, Филах, и Ферлах во Австрија, Дравоград, Вузеница, Мута, Руше, Марибор, Птуј, и Ормож во Словенија, Вараждин и Осиек во Хрватска, и Барч во Унгарија.[8]
Хидролошките параметри на Драва редовно се следат во Хрватска кај Ботово, Терезино Поле, Долни Михољач и Осиек.[9]
Средниот истек е за последната точка во државата спомената во изворот.[2]
Remove ads
Галерија
- Драва кај Филах
- Драва кај Розег
- Драва кај Марибор
Наводи
Дополнителна книжевност
Надворешни врски
Податотеки поврзани со Drava на Ризницата
- DrauDrava - old river and new sounds Архивирано на 29 декември 2010 г.
- Чрнече Архивирано на 3 март 2016 г. - графикони, во редослед, податоци за водно ниво, тек и тепрература за изминатите 30 денови (примерок од Чрнече од страна на АРСО)
- Ptuj Архивирано на 4 март 2016 г. - графикони, во редослед, податоци за водно ниво, тек и тепрература за изминатите 30 денови (примерок од Птуј од страна на АРСО)
- Borl Архивирано на 3 март 2016 г. - графикони, во редослед, податоци за водно ниво, тек и тепрература за изминатите 30 денови (примерок од Борл од страна на АРСО)
Remove ads
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads