Геолог

From Wikipedia, the free encyclopedia

Геолог
Remove ads

Геолог е научник кој се занимава со проучување на Земјата, нејзиното настанување и процесот со кој се обликувала. Геолозите во нивните проучувања применуваат и други науки, како: физика, хемија, биологија , итн. Во споредба со другите научници, геолозите се повеќе изложени на теренска работа отколку во лабораторијата, и, се разбира, со оглед на предметот на проучување - Земјата. Како прв геолог се смета Џејмс Хатон,[1] кој во 1785 година објавил труд со наслов: „Теорија на Земјата“.

Thumb
Создавање на геолошка карта
Thumb
Геолог ги испитува на седиментните карпи во Мактеш Гадол, Негев, Израел.

Геолозите се вклучени во истражувањата што се однесуваат на пронаоѓање метали, нафта, градежен камен и други природни ресурси. Покрај тоа, тие се во првите редови во текот на предвидувањето на природните опасности и катастрофи, изучувајќи ги земјотресите, вулканските активности, цунами, поплави, лизгање на земјиштето, и друго, резултатот од нивното изучување се користи за алармирање на јавноста за можноста на овие феномени, и нивниот размер.

Климатските промени во Земјината историја, што ги забележале геолозите се користат во модерните изучувања на климатските промени.

Геолошки истражувања се вршат и за потребите на изградбата, а резултатите од геолошките истражувања се користат за проектирање на мостови, патишта, аеродроми, брани, тунели, гасоводи, електрични централи, згради и други градежни проекти.

Ако предметот на проучување и истражување е свртен кон другите планети, а не Земјата, тогаш научникот кој се занимава со тоа е наречен планетарен геолог.

Remove ads

Образование

Геолошкото образование започнува со стекнување на неопходни знаења од хемија, физика, математика, и во зависност од ориентацијата и биологија. На геолошките катедри се изучуваат различни геолошки одлики како што се: геоморфологија, минералогија, петрологија, структурна геологија, хидрогеологија, геофизика. Покрај тоа, геолозите се школуваат со методи како: картографија, нацртна геометрија, геодезија, далечински уреди со покажувач и геолошка карта.

Remove ads

Кариера во геологијата

Професионални геолози обично работат во широк спектар на владините служби, во приватни компании, непрофитни и академски институции.

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads