Георге Мурешан

From Wikipedia, the free encyclopedia

Георге Мурешан
Remove ads

Георге Мурешан е поранешен романски кошаркар, кој играл на позицијата центар.

Кратки факти Георге Мурешан, Лични информации ...

Својата кариера ја започнал во својата родна Романија, каде играл за Универистатеја Клуж, а потоа играл една сезона во По Ортез, пред да се пресели во НБА лигата каде настапувал за Вашингтон Булетс и Њу Џерси Нетс. Кариерата ја завршил во По Ортез во одигрувањето на сезоната 2000-2001.

Мурешан е првиот и до денес единствениот романец кој заиграл во НБА лигата. Тој исто така е познат како највискиот играч во историјата на НБА лигата со 2,32 височина.

Remove ads

Животопис

Мурешан е роден во Тритениј Де Жос,[1] Округот Клуж, Романија. Иако неговите родители биле со нормална висина, тој се извишил во неговата извонредна висина поради нарушување на хипофизата.[2]

Мурешан е оженет со сопругата Лилиана со која имаат два сина Георге и Виктор и живееле во Франклин Лејкс,[3] пред да се преселат во Вашингтон[4] Неговиот најстар син, Георге, играл кошарка за Џорџтаун Хојас на Универзитетот Џорџтаун.

Remove ads

Кариера

Мурешан ја започнал кариерата во екипата на Универистатеја Клуж, станувајќи национален шампион во сезоната 1991-1992.[5][6] Потоа тој се преселил во екипата на По Ортез со која играл во француското првенство во текот на сезоната 1992–1993, и веднаш успеал да ги придобие симпатиите на навивачите како и интересот на НБА скаутите.[5]

Мурешан бил избран како 30-ти пик вкупно на НБА драфтот 1993 од екипата на Вашингтон Булетс.[7] Тој играл во НБА лигата од 1993 до 2000 година покажувајќи знаци на перспективна кариера која била отповргната од повреди. Неговата најдобра сезона била во кампањата 1995-1996, кога тој просечно постигнувал по 14,5 бода по натпревар. На 8 ноември 1995, ги постигнал највисоките во НБА кариерата 31 бод во победата со 110-96 над Шарлот Хорнетс. Во оваа сезона Мурешан бил прогалсен за НБА играч кој најмногу напредувал бележејќи просек од 14,5 бода, 9,6 скока и 2,2 блокади по натпревар додека во исто време бил водач во лигата по процент на погодени шутеви од игра со 58,4%. Следната сезона тој повторно бил најдобар во НБА во овој статистички сегмент, поправајќи го просекот до 60,4%. Тој одиграл три натпревари и во плејофот со просек од 5 бода, 6 скока и 1,3 блокади во кој Булетс биле поразени со максимални 3-0 од подоцнежниот шампион Чикаго Булс. Сезоната 1996-1997, била и последна за Мурешан во дресот на Булетс, затоа што целата следна сезона ја пропуштил поради повреда. За Вашингтон Булетс одиграл вкупно 276 натпревари со просек од 10,6 бода, 6,4 скокови и 1,5 блокади.

Во сезоната 1998-1999 Мурешан потпишал за Њу Џерси Нетс, меѓутоа одиграл само еден натпревар за клубот во текот на неговата прва сезона поради повреди. Во неговата последна сезона во НБА, тој одиграл 30 натпревари во дресот на Нетс со просек од 3,5 бода и 2,3 скока. Низ целата своја НБА кариера го носел дресот со број 77, во знак на неговата висина (7'7 инчи).

По завршувањето на кариерата во НБА лигата, Мурешан имал уште еден период во По Ортез каде ја освоил титулата во француското првенство пред да се врати во САД да живее со семејството.[5]

На 11 март 2007 година, Мурешан одиграл натпревар за Мериленд Најтхокс како дел од највисоката постава во историјата на кошарката.[8] Тоа бил единствениот кошаркарски натпревар во кој Мурешан не бил највисокиот играч на теренот, тоа бил Сун Мингминг со 2,36 метри.

Remove ads

Титули и награди

Клупски

  • Романско првенство : 1
1991-1992 со Универистатеја Клуж
  • Француско првенство : 1
2000-2001 со По Ортез

Поединечни

  • НБА награда за играч кој најмногу напредувал : 1
1995-1996
  • Највисок процент на погодени шутеви од игра : 2
1995-1996, 1996-1997

Статистика

НБА

Повеќе информации Легенда ...
* Водач во лигата

Регуларна сезона

Повеќе информации Година, Екипа ...

Плејоф

Повеќе информации Година, Екипа ...
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads