Романци
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Романците (романски: rumâni, во минатото нарекувани уште и Власи) се нација и етничка група[1] чија матична земја е Романија и зборуваат на романски јазик кој спаѓа во фамилијата на романски јазици.
Романците како еден единствен етнос делат заеднички одлики како што се: имање на сопствена романска култура, потекло, имајќи го романскиот како мајчин јазик, потоа по државјанството во било која земја да се наоѓа Романецот. Законот за романско државјанство[2] бил регулиран во март 1991 година со тоа што им се дава права на втората и третата генерација на потомци од луѓе со романско потекло да имаат романско државјанство, ако течно зворуваат на романски и имаат доволно познавање на романската историја и култура. 89.4% од населението на Романија се изјасниле како Романци на романскиот попис од 2002 година, но сепак треба да се има предвид дека како Романци се изјаснуваат и одредени Роми кои ги има околу 2,000,000.[3] Денеска во светот 23,8 милиони го имаат романскиот за мајчин јазик.[4]
Во едно толкување од пописните резултати во Молдавија, Молдавците биле броени како Романци, што значи дека исто така тие формираат мнозинство и во друга држава.[5][6] Значајно романско население живее и во земјите како: Унгарија, Бугарија, Србија, Италија, Шпанија итн.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads