Георги Димитров
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Георги Димитров роден Георги Димитров Михајлов или Георги Михајлович Димитров во руски медиуми (Ковачевци, 18 јуни 1882 — РСФСР, 2 јули 1949) — политичар од Бугарија со македонско потекло,[1] раководител на Бугарската комунистичка партија и на Комунистичката интернационала, како и премиер на Народна Република Бугарија од 1946 до својата смрт. Заради неговите промакедонски ставови тој е претставен како предавник во псевдоисториската бугарска историографија.
Remove ads
Животопис

Рана политичка кариера
Димитров станува член на Бугарската работничка социјалдемократска партија во 1902 година, а следната година, кога настанува расцеп во партијата на тесни и широки социјалисти, Димитров се приклучува кон крилото на тесните социјалисти. Во 1909 станува член на ЦК на БСДРП и секретар на Сојузот на револуционерни синдикати на Бугарија.

По Октомвриската револуција бугарските тесни социјалисти се приклучуваат кон Коминтерната, а на нејзиниот Трет конгрес зема учество и Димитров. По неуспешното Септемвриско востание во 1923 година во Бугарија, Димитров е осуден на смрт и е принуден да пребегне во СССР. Таму зема учество во апаратот на Коминтерната, но од 1929 до 1933 година тој е немилост кај Сталин и советското раководство поради несогласувањето со политиката на Коминтерната кон социјалдемократијата и фашизмот по 1928 година.
Лајпцишки процес
Димитров се стекнува со светска слава кога при Лајпцишкиот процес организиран од германските нацисти со цел да се обвинат комунистите за палањето на Рајхстагот во 1933, многу успешно се одбрани и успева да биде ослободен од обвинението. Имајќи го предвид неговиот стекнат имиџ при овој процес, Сталин во 1934 го поставува на чело на Коминтерната. Димитров ја врши функцијата генерален секретар на Коминтерната сè до нејзиното распуштање во 1943.
Премиер на Бугарија
По доаѓањето на власт на Отечествениот фронт во Бугарија во септември 1944 година, Димитров останува во СССР, а во Бугарија се враќа откако таа е прогласена за народна република, по референдумот од 15 септември 1946 година. Набрзо, во ноември 1946 година Димитров бил избран за премиер на Бугарија.
Во декември 1946 во Бугарија бил извршен првиот повоен попис на населението. Првпат во историјата на Македонците во Бугарија им било дозволено слободно да ја изразат својата национална определба.[2] Бугарската историографија се обидува да изгради негативен лик на Димитров како божемен предавник на бугарската национална идеја.[3][4][5] Македонската историографија Димитров го цени како прв челник на Бугарија што ја признал македонската националност.[6] Во негова чест, неговото име го носи една скопска гимназија.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads