1909
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1909 (MCMIX) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1909 година од новата ера, 909. од вториот милениум, 9. од XX век и последна од 1900-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7417 и 7418 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6659 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5669 и 5670 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2662.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1909 година се протега во 4545 и 4546, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4605 и 4606 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2452. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1326 и 1327 исламска година.
Remove ads
Настани
- 12 февруари - Во САД e формирано Националното здружение за напредок на обоените луѓе (NAACP).
- 9 април - турски офицери на импровизираното игралиште на полјанката зад некогашната Учителска школа во населбата Ислахане (Идадија) во Скопје го одиграа првиот натпревар меѓу себе. Овој датум е прогласен за Ден на македонскиот фудбал.
- 13 април - Противниците на Младотурската револуција извршуваат противудар при што младотурците се истерани од парламентот и од владата.
- 24 април - Контрареволуцијата во Отоманското Царство е совладана и младотурците се враќаат на власт.
- 27 април - Султанот Абдул Хамид II е сменет, а за нов султан е поставен Мехмед V.
Remove ads
Родени
- 21 јануари - Тодор Скаловски, истакнат македонски композитор, хорски и симфониски диригент
- 6 ноември - Трајко Прокопиев, истакнат македонски композитор
Починале
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads