Георги Кондолов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Георги Кондолов
Remove ads

Георги Кондолов бил македонски револуционер,[1][2] учесник во македонското и одринското револуционерно движење, член и воjвода на Македонската револуционерна организација, а потоа еден од водачите на Илинденското востание во Одринско[3].

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Тој е роден е во с. Велика, Малотрновско, (денеска во Турција) во 1858 година. Уште од детството ги напушта родителите и изучува дрводелски занает во Цариград.

Во 1878 година се населува во Хасково, Источна Румелија, каде отвора своја работилница, а од 1896 година и во Бургас.

Еден е од основачите и раководител на Македоно-одринското друштво во Бургас. Во 1897 година заедно со капетан Петко војвода и др. формираат таен револуционерен комитет.

Во почетокот на 1901 година Кондолов формира своја чета која дејствува во Малотрновско и Бунархисарско. Учествува на конгресот на Одринскиот револуционерен округ на 28 јуни 1903 година, на Петрова нива, каде е избран за началник на сите востанички чети во тој реон.

На 6 август 1903 година, за време на Илинденското востание при нападот на с. Паспалово Малосамоковско, (денеска во Турција) е предаден од гркот Аристиди, тешко е погоден војводата Кондолов, кој заповеда да биде застрелан. Тешката задача, со ждрепка, му се паднала на Димитар Желjaзков - Македончето. Последните му зборови му биле:

Делото е свето. Проклети да бидете ако не ја продолжите борбата
Remove ads

Извори

Надворешни врски

Извори

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads