Георги Трајчев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Георги Трајчев (Прилеп, 1869 – 1945) – историчар, публицист, револуционер. Ја завршил Солунската бугарска машка гимназија и бил учител. Член на ТМОРО (1896) и претседател на Околискиот револуционерен комитет во родниот град (1908).
Биографија
Роден бил во Прилеп, 1869-тата година. Основното образование го завршил во родниот град, а во 1889 завршил со четвртата генерација на матуранти во Солунската гимназија. Бидејќи немал доволно материјални средства, не можел да добие високо образование, но тоа не му пречело да се самообразува. По завршувањето на Солунската гимназија, на 26 јуни 1889 година, во истата година добил учителско место во Богданци.[1]
Прв ред: Антон Поп Стоилов, Јордан Јанчулев, Спиро Мирчев, Козма Ѓоргиев, Јордан Бомболов, Пере Тошев, Даме Груев, Георги Трајчев, Никола Смичков
Втор ред: Јордан Поп Костадинов, Неделко Дамјанов, Илија Тошев, Илија Иванов, Никола Радославов, Константин Трифунов, Стојче Димев, Ангеле Воденичаров
Со започнувањето на учебната 1889/90 година, започнало и неговото учителствување, кое траело цели 40 години. По една учебна година помината во Богданци, учителствувал во Кавадарци, потоа во Прилеп, Скопје, Сер, Дојран, Неврокоп, Велес, повторно во Прилеп, Ресен, Дебар, Обрзацов Чифлик - покрај градот Русе, уште еднаш во Ресен и во Скопје и најпосле во Софија. Тука и се пензионирал како учител, во IV Софиска прогимназија. Бил директор на училиштата во Дојран, Неврокоп, во Велес и во Прилеп. По Уриетот (1908), ја извршувал и должноста училиштен инспектор.[1]
Во меѓувреме, станал член на ТМОРО (1896), но не учествувал директно во четничкото движење, ниту во Илинденското востание. Тогаш ги добил псевдонимите Вестителов и Г. Мајков. За време на неговото повторно учителствување во родниот град (1907/08 и 1908/09), бил избран за претседател на прилепскиот околиски комитет. По балканските војни бил принуден да замине во Бугарија. Кратко по војната, се вратил во Македонија, а по Првата светска војна засекогаш емигрирал во Софија, каде што и починал, во 1945 година.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
