Германски музеј

From Wikipedia, the free encyclopedia

Германски музејmap
Remove ads

Германски музеј (германски: Deutsches Museum) — музеј во Минхен, Германија и најголема ваква установа во светот посветена на науката и техниката,[1] со околу 1,5 милиони посетители годишно и околу 28.000 изложени предмети од 50 полиња на науката и техниката.

Кратки факти Основан, Место ...

Музејот е основан на 28 јуни 1903, на состанок на Здружението на германски инженери (VDI) на иницијатива на Оскар фон Милер. Неговото официјално име е „Германски музеј на ремек-дела во науката и техниката“ (Deutsches Museum von Meisterwerken der Naturwissenschaft und Technik). Ова е најголемиот музеј во Минхен.

Remove ads

Музејски Остров

Thumb
Германскиот музеј, поглед на Музејскиот Остров

Главниот објект на Германскиот музеј е мал остров во реката Изар, која била користена за пренесување на дрво уште од средниот век. Островот немал никакви градби до 1772, бидејќи бил постојано поплавуван пред изградбата на браната Зилвенштајн.

Во 1772 биле изградени Изарските касарни на островот, а по поплавата од 1899 биле повторно изградени со дополнителни мерки против поплави. Во 1903, градскиот совет објавил дека ќе го предадат на употреба островот на новоизградениот Германски музеј. Островот, порано познат како Јагленов Остров (Kohleninsel), бил потоа преименуван во Музејски Остров (Museumsinsel).[2][3]

Remove ads

Други места

Покрај главниот објект на Музејскиот Остров, музејот поседува дополнителни објекти во и близу Минхен и еден во Бон.

Објектот за воздухопловство во Шлајсхајм се наоѓа на околу 18 километри северно од центарот на Минхен близу дворецот Шлајсхајм. Бил основан во рамките на една од првите воени бази во Германија основана веднаш пред Првата светска војна. Се состои од старата контролна и командна зграда, како и современи градби изградени кон крајот на 2000-тите со голема поддршка од Франц-Јозеф Штраус, тогашен премиер на покраината Баварија, кој бил вљубеник во летањето.

Thumb
Германски музеј Бон

Шлајсхајм прикажува различни интересни авиони, за кои немало доволно простор на самиот Музејски Остров во центарот на Минхен. Меѓу попознатите изложени предмети е едрилицата Хортен, изграден во 1940-тите, обновена од неколку преостанати делови. Збирката на германски авиони направени во 1950-тите и 1960-тите е прилично уникатна. Прикажани се и борбени авиони од Виетнам, како и руски авиони преземени од Источна Германија по повторното обединување на Германија.

Објектот поседува и работилница, која се занимава со обнова на сите видови авиони сè со цел нивно прикажување во јавноста.

Последниот објект на Германскиот музеј, сместен кај Терезинхее во Минхен, отворен во 2003, е наречен Сообраќаен центар на Германскиот музеј и е насочен кон сообраќајната техника.

Објектот во Бон бил отворен во 1995 и е насочен кон германската техника, наука и истражување по 1945.

Remove ads

Оскар фон Милер

Thumb
Оскар фон Милер

Оскар фон Милер студирал електротехника и е познат по изградбата на првата високонапонска линија од Мисбах до Минхен (57 км) во 1882 за изложбата на електротехниката во Стаклената палата во Минхен. Во 1883 му се приклучил на AEG и основал инженерско биро во Минхен. Изложбата за електротехника во Франкфурт во 1891 и неколку централи придонеле кон угледот на Оскар фон Милер. Во првите години, изложбите и збирката на Германскиот музеј биле под големо лично влијание на Оскар фон Милер.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads