Изар

река во Австрија и Германија From Wikipedia, the free encyclopedia

Изарmap
Remove ads

Изар (германски: Isar) — река во покраините Тирол (Австрија) и Баварија (Германија). Извира во венецот Карвендел на Алпите во Тирол. Навлегува во Германија кај Митенвалд и тече низ Бад Телц, Минхен и Ландсхут, па се влева во Дунав кај Дегендорф. Долга е 295 км и со тоа четврта по големина во Баварија, по Дунав, Ин и Мајна. Важи за втора најзначајна притока на Дунав во Германија, по Ин.

Кратки факти Изар, Местоположба ...
Remove ads

Географија

Сливот на Изар опфаќа значаен дел од Алпите и делови од Карвендел на североисток кон Дунав, и потоа кон Црното Море. Зафаќа површина од преку 9.000 км2. Поради зимските снегови на Алпите, реката е мошне полноводна на пролет, откако ќе се стопат. Просчениот истек изнесува 175 км2[1] и по тоа е слична на останатите средноголеми реки во Германија како Мозел, Лех и Мајна.

Најголеми притоки се Ампер и Лојзах, а има и повеќе помали, како Лојташ, Јахен, Дирах, Дорфен, Земпт и Пфетрах.

Remove ads

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads