Герт Стегманс

друмски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia

Герт Стегманс
Remove ads

Герт Стегманс (холандски: Gert Steegmans; р. 30 септември 1980 во Хаселт) — поранешен белгиски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2003-2015.

Кратки факти Лични податоци, Цело име ...
Remove ads

Кариера

Иако Стегманс веќе бил познат во Белгија, стекнал поголема популарност надвор од Белгија како помошник на Роби Мекјуан на две етапи во текот на Тур де Франс 2006.

На втората етапа на Тур де Франс 2007, возач на Ликвигас паднал во последните три километри предизвикувајќи верижен пад. Околу 20 возачи го блокирале целиот пат, оставајќи само триесетина возачи да спринтаат за победа, која на крајот на остварил Стегманс во неговата родна земја пред неговиот сонародник и колега Том Бонен, која ја преземал зелената маичка, завршувајќи втор на етапата.

На 6 јули 2008 било објавено дека Стегманс потпишал двегодишен договор со Тинкоф Кредит Системс.[1] На Тур де Франс ја освоил престижната етапа на Шанзелизе. Подоцна, екипата Тинкоф се распаднала под тое име и управата и возачите се приклучиле на Катјуша.

Стегманс ги полнел весниците со недели пред Тур де Франс 2009 поради одбивањето да го потпише договор за анти-допинг, кој Тим Катјуша го наметнала на сите возачи. Договорот предвидувал дека доколку возачот биде фатен на позитивен тест за допинг ќе треба да плати казна во висина од пет пати од неговата годишна плата. Стегманс опстојувал во неговото одбивање, дури и по дадениот ултиматум од екипата, поради што не бил избран во составот на Катјуша за Тур де Франс.[2] Катјуша и Стегманс го раскинале договорот на 5 август откако Стегманс продолжувал да одбива да го потпише договорот за анти-допинг.[3] Тим РадиоШек објавиле дека ќе биде нивен член во 2010[4] почнувајќи од Тур Даун Андер на крајот на јануари.[5]

На 7 март 2010 година во текот на хронометарот на Париз-Ница, се повредил за време на вртушка, при што ја скршил клучната коска.[6]

Во декември 2014 година, Стегманс бил најавен како член на Лидл-Трек за сезоната 2015.[7]

Remove ads

Личен живот

Стегманс е оженет со поранешната манекенка и презентерка на Тур де Франс, Лаура Летурги,[8] и имаат едно дете, ќерката Мелја (р. 6 јуни 2011).

Достигнувања

1996
1. Национални друмски првенства под 17 години
1998
1. Национални хронометарски првенства под 19 години
2000
4. ГП Вилереви
7. Хаселт-Спа-Хаселт
2002
1. Национални хронометарски првенства под 23 години
1. Зесбергенпрејс Харелбеке
8. Хаселт-Спа-Хаселт
2003
8. Трка околу Аеродромот Келн/Бон
2004
5. ГП Јеф Шеренс
2005
1. Национале Слуитингспрејс
1. Етапа 1 Тур де Пикарди
6. Краен пласман Сиркут Франко-Белж
2006
1. Етапа 2 Тур де Пикарди
1. Етапа 3 Четири дена Динкерк
2. Краен пласман Волта ао Алгарве
1. Етапа 3
1. Етапа 4
3. Шелдепрејс
5. Краен пласман Трка околу Белгија
1. Етапа 5
6. Доха ГП
6. Омлоп Хет Волк
6. Курне-Брисел-Курне
2007
1. Краен пласман Сиркут Франко-Белж
1. Етапа 2
1. Етапа 4
1. Тур де Рејке
1. Етапа 2 Тур де Франс
1. Етапа 1 Волта ао Алгарве
1. Етапа 3 Три дена Де Пане
1. Етапа 4 Четири дена Динкерк
1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Катар
3. Шелдепрејс
5. Курне-Брисел-Курне
2008
Париз-Ница
1. Етапа 1
1. Етапа 2
1. Етапа 21 Тур де Франс
1. Етапа 2 Четири дена Динкерк
1. Меморијал Рик ван Стенберген
1. Трофео Калвија
1. Профронде ван Фрисланд
1. Хале-Ингоигем
2. Париз-Брисел
3. Трофео Кала Милор
4. Трофео Мајорка
2009
1. Етапа 2 Вуелта а Андалусија
1. Трофео Мајорка
2010
3. Париз-Тур
4. Бинше-Турне-Бинше
8. Фландриско првенство
9. Краен пласман Сиркут Франко-Белж
2011
1. Нокере Курсе
10. Краен пласман Трка околу Катар
2012
4. Краен пласман Трка околу Катар
2014
3. Краен пласман Три дена Де Пане
4. Нокере Курсе

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads