Гестланд

From Wikipedia, the free encyclopedia

Гестландmap
Remove ads

Гестланд (германски: Geestland; долногермански: Geestland) — новосоздаден град во округот Куксхафен, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Градот бил основан на 1 јануари 2015 година со спојување на градот Ланген и општините од поранешната општинска заедница Бедеркеза.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Гестланд во рамките на округот Куксхафен ...

Гестланд, по градот Куксхафен, е втор најнаселен во самиот округ. На списокот на најголеми општини по површина во Германија, Гестланд се наоѓа на 10. место. Името му доаѓа од земјишниот облик „гест“.

Remove ads

Географија

Местоположба

Градот Гестланд се граничи на северозапад со општината Вурстер Нордзекисте и со Везер при вливот во Северното Море, на север со општинската заедница Ланд Хаделн, на североисток со општинската заедница Берде Ламштет, на исток со округот Ротенбург и на југ со градот Бремерхафен, како и со општините Беверштет и Шифдорф. На југ, градот се граничи со реката Гесте.

Градски единици

Градот Гестланд се состои од 16 места, кои се составени од местата на поранешниот град Ланген и општините на поранешната општинска заедница Бедеркеза.

Remove ads

Политика

Градски совет

Градскиот совет се состои од 38 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 30.001 и 40.000 жители.[2] Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На првите општински избори на 2 ноември 2014 година биле добиени следниве резултати:

Распределбата на местата:

  • CDU: 21 места
  • SPD: 11 места
  • Група Зелени/Левица: 3 места
  • Граѓанска фракција Гестланд: 2 места
  • независен: 1 место

Градоначалник

На 2 ноември 2014 година, Торстен Кригер станал градоначалник.

Збратимени градови

Гестланд е збратимен со следниве градови:

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads