Гејрангер-фјорд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гејрангер-фјорд (Geirangerfjorden) — фјорд во областа Сунмере, сместен во најјужниот дел на округот Мере и Румсдал во Норвешка. Ова е 15 км долг ракав на фјордот Стур-фјорд (Голем Фјорд). На завршетокот на фјордот се наоѓа селцето Гејрангер.
Овој фјорд е едно од најпосетуваните туристички места во Норвешка и од 2005 г. е заштитен од УНЕСКО како светско наследство, заедно со фјордот Нереј-фјорд, иако овој статус се доведува во прашање со планиранираната изградба на далноводи.[1]
На Гејрангерфјорд постојано му се заканува планината Окернесет која е готова да одрони во фјордот. Ваквиот одрон би предизвикал цунами, кој за 10 минути би ги подогил блиските места како Гејрангер и Хелесилт.[2][3][4]
Покрај фјордот се расположени повеќе напуштени чифлизи. Some restoration has been made by the здружението „Пријатели на Стур-фјорд“ (Storfjordens venner). Најпосетени од нив се Скагефло, Книвсфло и Бломберг. До Скагефло се доаѓа и пешки од Гејрангер, додека другите се пристапни само со чамец. Во фјордот се наоѓаат и неколку забележителни водопади.
Во местото оперира и автомобилски траект кој воедно служи и како туристички брод. Тој плови долж фјордот помеѓу селата Гејрангер и Хелесилт.
Remove ads
Водопади
Најзначајни водопади Гејрангер-фјорд се т.н. „Седум Сестри и Додворувачот“. Двата водопада се наоѓаат еден наспроти друг, од кои едниот е „додворувачот“ кој изгледа како да им се додворува на сестрите.
Друг позабележителен водопад во фјордот е „Невестински Превез“, така наречен бидејќи изгледа како тенок превез врз карпите кога сонцето го грее одзади.
Галерија
- Историска фотографија на фјордот со Седумте Сестри.
- Туристичкиот брод плови низ фјордот.
- Внатрешниот дел на Гејрангер-фјорд.
- Водопадот „Седум Сестри“ се влева во Гејрангер-фјорд.
- Поглед од водата
Надворешни врски
- Гејрангерски туристички информатор Архивирано на 6 април 2016 г. (англиски) (германски) (новонорвешки)
- Одредиште Гејрангер-фјорд — Тролстиген Архивирано на 8 мај 2016 г. (англиски) (германски) (новонорвешки)
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads