Гилде

From Wikipedia, the free encyclopedia

Гилдеmap
Remove ads

Гилде (германски: Gielde) — село и поранешна општина во округот Волфенбител во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Од 1 ноември 2013 година е дел од општината Шладен-Верла.

Кратки факти Земја ...
Remove ads

Географија

Гилде се наоѓа на северното подножје на планинскиот масив Харц, сместен помеѓу Финенбург (дел од градот Гослар) на југ и Волфенбител на север; соседни села се Шладен на југоисток и Либенбург на југозапад.

Историја

Thumb
Алтенроде

Населба со име „Гелити“ (Gelithi) била првпат спомената во декрет од 953 година и како „Гелите“ (Gelithe) во 1140 година. Првата парохиска црква веројатно била изградена во текот на служењето на епископот Готхард Хилдесхајмски во почетокот на XII век. Тогаш, областа била дел од средновековното Војводство Саксонија. Остатоците на саксонската тврдина (Kukeriulenburg) се видливи на север од денешното село.

Дворецот Алтенроде, кој веројатно бил изграден од камењата на срушениот замок, бил попишан како имот на манастирот Хајнинген од 1306 година. Кога манастирот бил секуларизиран во 1810 година, дворецот станал приватен посед и денес е споменик на културата.

Remove ads

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads