Волфенбител (округ)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Волфенбител (германски: Wolfenbüttel) — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се граничи со (од север надесно) слободниот град Брауншвајг, округот Хелмштет, округот Харц во покраината Саксонија-Анхалт и окрузите Гослар Хилдесхајм и Пајне. Слободниот град Залцгитер го дели округот Волфенбител на два дела.
Remove ads
Географија
Реката Окер влегува во округот од југ, тече низ градот Волфенбител и излегува во северозападниот дел.
Историја
Округот бил создаден во 1832 година кога Војводството Брауншвајг-Линебург било поделено на шест окрузи. Останал непроменет до 1941 година, кога со законот за Залцгитер (Salzgitter-Verordnung) му биле одземени 20 општини, а истовремено добил 10 општини од тогашниот округ Мариенбург. Повторно биле променети границите на округот во 1974 година (како дел од административната реформа), кога делови од поранешниот округ Брауншвајг биле додадени на Волфенбител. Дополнително, неколку општини, меѓу кои и градот Бад Харцбург, станале дел од соседниот округ Гослар.
Remove ads
Грб
Лавот на врвот на грбот ја претставува Велфската династија, владејачка династија на Војводството Брауншвајг од XIII век. Класјето долу го претставува земјоделскиот карактер на округот.
Градови и општини

Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads