Гицков
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гицков (германски: Gützkow) — град во округот Западна Померанија-Грајфсвалд, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа околу 15 километри јужно од Грајфсвалд, на северниот брег на реката Пене. Гицков бил средиштен град во средновековното Грофовија Гицков.
Remove ads
Историја
Името Гицков потекнува од словенскиот стар полапски јазик, како што е случај во повеќето топоними во Мекленбург-Западна Померанија. Најстарите спомнувања на името се од 1128 како Гозгауја (Gozgauia), во 1140 како Чозчо (Chozcho), во 1163 како Гозкове (Gozkowe), во 1175 како Гоцчове (Gotzchowe), во 1183 како Чозкове (Chozkowe), во 1207 како Гоцкове (Gotzkowe), во 1214 како Чозкове (Chozcowe), во 1228 како Гуцкове (Gutzkowe) и потекнуваат од полапскиот збор Gost, што означува „гостин“,[2] бидејќи градот имал храм, кој го посетувале многу гости. Претпоставката за лице именувано Чоков не е засновано на факти.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads