Пене

From Wikipedia, the free encyclopedia

Пенеmap
Remove ads

Пене (германски: Peene) — река во Германија. Вестпене, Клајне Пене и Остпене се влеваат во Кумеровското Езеро и оттаму продолжуваат како Пене до Анклам и се влеваат во Шчеќинскиот Залив.

Кратки факти Место, Должина ...

Долината на Пене е најголемо непрекинато мочуриште во Европа.[2] Благодарение на нејзината дивина и недопрена природа, реката Пене и нејзината долина често е нарекувана како „Амазон на Северот“.[3]

Западниот ракав на реката Одра, која го одвојува островот Узедом од германското копно, често е исто така нарекувана Пене, но всушност тој дел од Балтичкото Море е наречен Пенештром. Тој е еден од трите канали, кои го поврзуваат Шчеќинскиот Залив со Поморскиот Залив во Балтичкото Море (другите канали се Швина и Ѓивна).

Поголеми градови кои се наоѓаат на течението на реката се Волгаст, Тетеров, Демин и Анклам.

Remove ads

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads