Глажња (езеро)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Глажња (или Глажњанско Езеро) — вештачко езеро на Липковска Река, 17 км од Куманово во северниот дел на Македонија. Името го добило по селото Глажња. Изградено е во 1971 година. Браната е бетонска лачногравитациска. Таа е долга по круната 344 м, широка 4 м, а височината над теренот изнесува 80 м. Котата на нормалното ниво на езерото се наоѓа на височина од 588 м. Најголемата должина на езерото изнесува 3.146 км, а најголемата широчина 700 м. Во овие рамки езерото зафаќа површина од 96,5 ha. Вкупната зафатнина изнесува 26 км3, од која 1,97 км2 претставува мртов простор, а преостанатите 24 км3 корисна зафатнина. Водата се користи за водоснабдување, наводнување, за добивање електрична енергија и за други потреби[1]. Браната ја проектирал хрватскиот Србин Никола Хајдин[2].
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads