Глажња

село во Општина Липково From Wikipedia, the free encyclopedia

Глажњаmap
Remove ads

Глажња — село во Општина Липково, во северниот дел на Македонија.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа недалеку од вештачкото езеро Глажња изградено по течението на Липковска Река. Пределот е ридски и има надморска височина од 560 до 744 м, зависно од маалото, од кои денес главно е Пресница. Атарот се издига до сртот на планината Скопска Црна Гора, на границата со Скопската Котлина, и зафаќа површина од 10,7 км2[2]

Историја

Во 1861 г. Јохан фон Хан на етничката карта на долината на Јужна Морава го обележал Глазња како албанско село.[3]

На крајот од XIX век Глажња било албанско село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Глажња се состоела од 160 жители Арнаути муслимани.[4]

Стопанство

Глажња има полјоделско-шумарско стопанство. Според податок од 1998 г. селото поседува 816,5 ха шуми, 126,7 ха обработливо земјиште и 13,4 ха пасишта.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 350 Албанци.[5]

Населението на Глажња значително се зголемило во првите децении на XX век, што траело сè до 1960-тите, кога тоа речиси се располовило. Ова се должи на фактот што во непосредниот повоен период, три четвртини од населението биле Турци, а во наредните години, со изелување, тие се изедначиле со Албанците. Во 1971 г. во селото веќе немало Турци, но имало 18 Македонци, а останатите биле Албанци. Во текот на следната деценија бројот на жители доживеал голем пад и продолжил да опаѓа, но со поскромна стапка. Во 2002 година во Глажња имала 54 жители.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 19 жители, од кои 15 Албанци и 4 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Староседелското население било македонско, но подоцна претрпело албанизација и исламизација со доаѓањето на албански доселеници северна Албанија. од Според податоците од 1941 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Пресница (16 к.) поисламени и поалбанчени. Во ислам прешле на крајот од XVIII век, во времето кога овде почнале да се доселуваат другите муслимански родови. Живеат во посебно маало, но се мешаат и со другите Албанци, па така сега се изјаснуваат дека се од фисот Красниќи; Мезни (15 к.) поисламени и поалбанчени. На ислам прешле кога и претходниот род. И они кажуваат дека се од Красниќите.
  • Доселеници: Чап (19 к.) потекнуваат од фисот Буз Мајла во Љума во северна Албанија. Овде се доселиле одамна; Дан (6 к.) исто потекло како и претходниот род. Овде дошле по повик од претходниот род; Бочан (9 к.) потекнуваат од фисот Бериша во северна Албанија.[12]
Remove ads

Општествени установи

Селото нема училиште, туку децата посетуваат настава во соседното Р’нковце.

Иселеништво

Според истражување од 1965 г. во кумановското село Черкези живее родот Глажњани (2 куќи), кои се доселени од Глажња[13]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads