Гнилеш

село во Општина Новаци From Wikipedia, the free encyclopedia

Гнилешmap
Remove ads

Гнилеш или Гнилеж — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е ридско на јужните огранки на Селечка Планина, сместено на надморска височина од 894 метри, а од Битола е оддалечено 26 километри.

Во атарот на Гнилеш, на околу 4,5 км северно од селото се наоѓало поранешното село Ченгел.

Историја

Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.

Thumb
Италијански логор кај Гнилеш за време на Првата светска војна во 1917 година

Во 2014 г. името на дотогашното Гнилеж официјално му е сменето во Гнилеш.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Гнилеж живееле 130 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Гнилеш имало 128 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Гнилеш се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 16 куќи.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[6]

Според пописот од 2002, селото брои само 5 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 166 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватен објект.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 28 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads