Говрлевски манастир
манастир во селото Говрлево From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Говрлевски манастир — македонски православен манастирски комплекс кој се наоѓа во скопското село Говрлево.[1]
Манастирот се наоѓа источно од селото, сместен на ридот Брзовец. Местоположбата на манастирот е специфична, бидејќи во негова непосредна близина се наоѓа копот за вар во посед на Цементарница „Усје“, поради кој се појавил и случајот „Говрлево“. Во 2006 година, МПЦ решила да го продаде целиот манастир со сите шест цркви на скопското претпријатие „Усје“ со земјиште од околу 17.000 м2, но поради бурни реакции во јавноста продажбата била повлечена. Имено МПЦ требала да добие преку 200.000 евра со кои би се финансирале изградби на други манастири, а додека скопското претпријатие било задолжено да го премести манастирот.
Remove ads
Цркви
Црква „Св. Трифун“
Црквата „Св. Трифун“ е главната манастирска црква во целиот комплекс, по кого е и наречен целиот манастир. Денешната црква се верува дека потекнува XVII век. Некои од иконите во нејзината внатрешност се дело на познатиот мајстор Димитар Папрадишки.
Црква „Св. Троица“
Една од неколкуте манастирски мали цркви, сместена во близина на стариот конак.
Црква „Св. Петар и Павле“
Една од неколкуте манастирски мали цркви, сместена на самиот раб од ридот Брзовец.
Црква „Св. Марина“
Најмала од сите манастирски цркви во комплексот, сместена на средина од манастирскиот двор.
Црква „Св. Ерина“
Една од неколкуте манастирски мали цркви.
Црква „Св. Недела“
Една од неколкуте манастирски мали цркви.
Црква „Св. Петка
Една од неколкуте манастирски мали цркви, сместена во близина на стариот конак.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads