Општина Сопиште
општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Сопиште — рурална општина во Македонија во Скопскиот Регион. Админстративно седиште на општината е истоименото село.
Општината била по вторпат основана во 1996 година, откако дел од скопската општина Кисела Вода се отцепил. Во 2004 година, мал дел од Сопиште повторно преминал во територијата на Кисела Вода.
Сопиште зафаќа површина од 222,1 км2. Се граничи со општините Македонски Брод, Студеничани, Желино и со најголемата административна единица Град Скопје. Поделена на 13 населени места, кои сите се села. Релјефот кој влегува во територијата на општината е претежно планински, и ридски. Сопиште се наоѓа на јужната страна на планината Водно. Географски, територијата на општината е карактеризирана претежно со шуми, ливади, полиња, пасишта, карпи и мал број на пештери.[2]
Во Сопиште живеат околу 6 илјади жители, а густината на населението зафаќа околу 25 жители/1 км2. Мнозинството од населението се Македонци и Албанци, кои зафаќаат околу 90% од населението. Останатиот дел се Турци, Срби и Власи. Службените јазици на општината се македонскиот и албанскиот.[3]
Градоначалник на општината е Стефче Трпковски[4], од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој стапил на должноста по локалните избори од 2013 година.[5] Општинскиот совет е составен од 11 члена.[6]
Голем број на населени места во општината, како што е селото Долно Соње, постоеле од XIX век, во времето на Отоманската Империја.[7] Во селото Говрлево се наоѓаат и археолошки наоѓалишта.[8]


Remove ads
Историја
1945-1947
Месниот народен одбор Сопиште бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Драчевската Околија, Скопски Округ, и негово составно населено место било Сопиште.[9] Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор бил укинат и неговата територија припаднала под Месен народен одбор Ракотинци.[10]
1996-до денес
Општина Сопиште била одново создадена во 1996 година, на сметка на намалената Општина Кисела Вода . Во 2004 година, мал дел од територијата на општината, се мисли на Припор, бил припоен повторно кон Општина Кисела Вода.
Remove ads
Географија
Општина Сопиште се наоѓа на јужната страна на планината Водно, на координати 42` и 20`. Прекрасен амбиент се граничи со општините Кисела Вода, Центар, Студеничани и Сарај. Патно е поврзана со пат кој доаѓа од Скопје преку скопската населба Припор и продолжува кон Батинци и Македонски Брод.
Демографија
На пописот од 2002 година, Општина Сопиште има 5.656 жители (1.510 домаќинства, 3.398 станови), кои живеат во 13 населени места од збиен тип, со отсуство на класичен урбан центар.[11]
Во општината постојат следните населени места: Сопиште (1.365 жители), Ракотинци (394), Добри Дол (431), Долно Соње (707), Горно Соње (240), Барово (24), Говрлево (31), Чифлик (664), Света Петка (718), Јаболци (44), Нова Брезница (89), Држилово (365) и Патишка Река (584).[11]
Во минатото, поради политиката на отселување од селата, имало големо движење од селата кон градот. Денес евидентно е враќањето на населението во селата делумно предизвикано од ослабената економска состојба, но и од наметнатиот нов тренд на живеење значајна е и преселбата град-село кое население останува како постојано жителство во рамките на нашата општина со што се создаваат населби од урбан карактер.[11]
Бројот на населението во Општина Сопиште е релативно стабилен, со тежнеење на бавен природен прираст, за разлика од високиот природен прираст од минатото, којшто денес е во постапка на опаѓање и стационарно зголемената старосна структура се должи на две одлики на населението на општината.[11]
- - висок природен прираст во четири населби од муслиманска вероисповед.
- - демографската стабилност на населението во некои од населбите во приградската зона на Скопје каде степенот на регресија на населението е правопропорционално со оддалеченоста од Скопската агломерација и отсуството на функционално-привлечни фактори.
Статистика
Вкупно население на општината по поделбата од 2004 година изнесувало 5.656, од кои:
Народност | Број | Удел |
Македонци | 3.404 | 60,18% |
Албанци | 1.942 | 34,33% |
Турци | 243 | 4,30% |
Срби | 32 | 0,57% |
Власи | 4 | 0,07% |
останати | 31 | 0,55% |
Сепак, според Законот за Град Скопје[12], каде биле утврдени границите на скопските општини, дел од селото Сопиште, односно местото Припор) потпаднало под Општина Кисела Вода и населението на селото било намалено од 5.325 жители.[13] на 1365[11]. Тоа влијаело врз вкупното население на Општина Сопиште, и така од вкупното првично општинско население од 9.522 жители, паднало на 5.656 жители.
Народ | Врој | Удел |
Македонци | 7.216 | 75,7% |
Албанци | 1.942 | 20,3% |
Турци | 244 | 2,5% |
Срби | 58 | 0,60% |
Власи | 15 | 0,15% |
останати | 47 | 0,49% |
Вероисповед | Вкупно |
православни | 6.829 |
муслимани | 2.310 |
католици | 6 |
протестанти | 2 |
останати | 375 |
Јазик | Вкупно |
македонски | 7.478 |
албански | 1.944 |
турски | 6 |
ромски | 0 |
влашки | 10 |
српски | 49 |
бошњачки | 0 |
останати | 35 |
Remove ads
Општествени установи
Општината е неразвиена, како општествени институции се застапени:
- Општинска зграда
- Пошта
- Амбуланти
- Полициска станица
- Основно училиште
Самоуправа и политика
Градоначалник на општина Сопиште е Стефче Трпковски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил реизбран на локалните избори од 2017 година за втор мандат од четири години.[14] Советот на општина Сопиште е составен од 11 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

ВМРО-ДПМНЕ: 6 места
СДСМ: 3 места
АА: 1 местo
ДПА: 1 место
Remove ads
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads