Гомнушка

видови риби From Wikipedia, the free encyclopedia

Гомнушка
Remove ads

Гомнушка (Alburnoides bipunctatus) (Вардарка, Шљунец) е риба во фамилијата Cyprinidae.[1] Оваа риба ги населува реките со мирни води. Се храни со умрени инсекти ларви на инсекти и диатоми. Се размножува во периодот април - јуни.

Кратки факти Гомнушка, Заштитен статус ...
Remove ads

Опис и распространетост

Телото на вардарката е странично сплескано, има мала глава и релативно крупни очи. Грбната страна и е окер-кафеава, а стомачната сиво-белузлава. Како што кажува и самото име, долж страничната линија се протегаат два реда темни точки, еден над, а еден под страничната линија. Оваа линија може да биде и слабо изразена или испрекината но, претставува одлика по која најлесно се препознава. Основата на градните, стомачните и аналната прека често пати знае да биде обоена во портоколовоцрвена боја. Раширена е низ западна Европа и Црноморскиот слив. Во Република Македонија живее во сите три слива. [2]

Remove ads

Основни биолошки одлики

Се мрести во пролет, од почетокот на мај до крајот на јуни, порционо, во повеќе наврати. Икрата ја полага на каменита и песковита подлога. Вардарката припаѓа на ситните видови риби, просечна големина и е околу 6 - 8 см. Максимална големина достигнува до 12 см. и тежина до 30 грама. Живее подеднакво и во проточни и во стагнантни екосистеми богати со кислород. Се задржува на места со интензивна аерација. Живее групирана во помали и поголеми јата. Се храни со храна од анимално потекло, лови ларви и адултни стадиуми од водни инсекти. Често зема и инсекти кои паѓаат на вода. Мошне е динамична, доста агресивна и алчна, па честопати пречи при риболовот на поатрактивни и покрупни видови риби бидејќи ја однесува или оштетува мамката од јадицата.[2]

Remove ads

Значење

Иако, најчесто не е цел на повеќето рекреативни риболовци многу често се лови. Агресивна е и многу лесно се лови. Особено ја ловат децата и почетниците во рекреативниот риболов. Месото на вардарката е вкусно и нема ситни коски, се јаде цела.[2]

Може да се најде во Авганистан, Австрија, Азербејџан, Белорусија, Белгија, Бугарија, Ерменија, Естонија, Грузија, Германија, Иран, Латвија, Литванија, Молдавија, Македонија, Полска, Романија, Русија, Словачка, Турција, Украина, Узбекистан, Унгарија, Франција, Холандија, Чешка, Швајцарија.

Во Македонија го населува долниот тек на реката Треска.

Thumb
Риба Гомнушка, го населува долниот тек на реката Треска.

Надворешни врски

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads