Горица (Охридско)
туристичка населба и поранешно село, денес дел од Охрид From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Горица — летувалиште и поранешно село на брегот на Охридското Езеро, 2-3 км југоисточно од Охрид. Денес влегува во административните граници на градот.
Remove ads
Географија
Местото се наоѓа на возвишениот полуостров Горица, кој бил обесшумен на крајот на XIX век по заповед на Џеладин-бег. По Втората светска војна ридот е повторно пошумен.
Историја
При изградбата на касарни во 1925 г. на полуостровот се пронајдени ара (олтар) со старогрчки натпис од римско време и остатоци од средновековна црква со некропола.[1] Оваа црква, сместена на северното ритче, е една од трите најстари триконхални цркви во Охридско, посветена на Свети Илија (заедно со „Св. Климент и Пантелејмон“ од 893 г. и неидентификуваната „Св. Благовещение“ (меѓу 894 - 916). Селото Горица за првпат се споменува на натписот во црквата „Св. Стефан Панцир“ во Шипокно, кој датира од XVI век.[2]
Во османлискиот пописен дефтер за Охридската нахија од 1536 – 1539 г. Горица е наведена со 29 христијански семејства и 3 неженети лица.[2] Во дефтерот за нахијата од 1582 – 1583 г. се води со 13 христијански семејства и 2 неженети лица. Опишан е и далјанот Горица со шамак, кој давал годишен приход од 1500 акчиња. Црквата „Св. Стефан“, која претходно „била владение на калуѓерите“, тогаш била во владение на Ахмед Караѓоз и приходите од неа се додадени кон приходите од селото Горица.[3]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Горица (Goritza) било село со 4 домаќинства сочинети од 18 жители Македонци.[4][5]
Во 1892 г. Бранислав Нушиќ ја опишал Горица како „мало село со вкупно четири христијански куќи“.[3]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Горица живееле 14 Македонци-христијани.[4][6]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Горица е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 4 куќи.[7]
На почетокот на XX век целото население на Горица било под врховенството на Бугарската егзархија. Според податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото имало 24 Македонци, сите под егзархијата.[4][8]
Подоцна на територијата на селото се изградени хотели, други туристички сместувања. Местото има плажа и пристаниште кои го носат неговото име.
Remove ads
Личности
- Панде Тасе(в)ски (1888 – ?) — борец во Балканските војни[9]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads