Горица (покраина)
покраина во североисточна Италија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Горица или Гориција (италијански: Provincia di Gorizia, словенечки: Goriška pokrajina) — покраина во автономниот регион Фурланија-Јулиска Краина, североисточна Италија. Зафаќа површина 466 км2 и вкупно население од 142.035 жители (2012). Излегува на Јадранското Море со брег во должина од 47,6 км2. Седиште е градот Горица (Гориција).

Remove ads
Општини
Покраината денес опфаќа вкупно 25 општини[1]. Покрај италијанските, во загради дадени се и традиционалните словенечки називи, освен за градот Горица, каде случајот е обратен.
- Вилесе (Вилеш)
- Горица (Гориција)
- Градиска д’Изонцо (Градишче на Соча)
- Градо (Градеж)
- Добердо дел Лаго (Добередоб)
- Долења дел Колио (Долење)
- Каприва дел Фриули (Копривно)
- Кормонс (Крмин)
- Маријано дел Фриули (Марјан)
- Медеја
- Монфалконе (Тржич)
- Мораро (Морар)
- Моса (Мош)
- Романс д’Изонцо (Романж на Соча)
- Ронки деи Леџонари (Ронке)
- Савоња д’Изонцо (Соводње)
- Саградо (Заграј)
- Сан Канцијан д’Изонцо (Шкоцјан на Соча)
- Сан Лоренцо Изонтино (Шловренц)
- Сан Пјер д’Изонцо (Шпетер)
- Сан Флоријано дел Колио (Штеверјан)
- Старанцано (Штаранцан)
- Туријако (Турјак)
- Фара д’Изонцо (Фара на Соча)
- Фољано-Редипуља (Фољан Средипоље)
Remove ads
Историја
Од 1924 до 1927 г. населените места на оваа територија биле во состав на покраината Удине.
Од 1918 до 1924 и од 1927 до 1947 г. покраината Горица опфаќала низа населени места кои потоа се припоени кон Југославија и денес се во состав на Словенија. Во заграда се дадени поранешните италијански називи.
- Ајдовшчина (Ајдусина)
- Анхово (Салона д’Изонцо)
- Бовец (Плецо)
- Браник (Рифемберго)
- Брегињ (Бергоња)
- Випава (Випако)
- Випавски Криж (Санта Кроче ди Ајдусина)
- Грахово на Бача (Гракова Серавале)
- Гргар (Гаргаро)
- Доброво (Кастел Добра)
- Дорнберк (Монтеспино)
- Идрија (Идрија)
- Кал над Каналом (Кал ди Канале)
- Канал на Соча (Канале д’Изонцо)
- Кобарид (Капорето)
- Комен (Комено)
- Мирен (Мерна)
- Мост на Соча (Санта Луча д’Изонцо)
- Опатје Село (Опакјасела)
- Поднанос (Сан Вито ди Випако)
- Ренче (Ранцијано)
- Соча (Сонција)
- Стањел (Сан Даниеле дел Карзо)
- Tемница (Теменица)
- Толмин (Толмино)
- Трново (Тарнова дела Селва)
- Церкно (Чиркина)
- Цол (Цола)
- Чепован (Кјаповано)
- Чрни Врх (Монтенеро д’Идрија)
- Чрниче (Черница Горицијана)
- Шемпас (Самбасо)
- Шмартно (Сан Мартино ди Квиска)
Remove ads
Население
Словенците сочинуваат 11% од населението на покраината.[2] Словенечкиот јазик како малцински е заштитен со закон во 9 општини.[3] Населението во руралните општини Добердо дел Лаго, Савоња д’Изонцо и Сан Флоријано дел Колио) — претежно словенечко, но Словенците бројно се најзастапени во градот Горица. Во покраината живеат и Македонци.
Еве ги десетте земји чии државјани се најзастапени во покраината (31 декември 2010):[4]
Бангладеш 1.603
Романија 1.153
Босна и Херцеговина 1.092
Хрватска 851
Македонија 799
Србија 646
Словенија 502
Косово 431
Албанија 427
Украина 374
Поврзано
- Горица и Градишка
- Јулиска Краина
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads