Горна Панонија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Горна Панонија, (на латински Pannonia Superior), била провинција на Римската Империја. Главниот град бил Карнунтум. Таа била едно од пограничните провинции на Дунав. Создадена била во 103 година н.е. од страна на царот Трајан кој ја поделил поранешната провинција Панонија на два дела: Горна Панонија (Супериор) и Долна Панонија (Инфериор). Провинцијата вклучувала делови од денешните држави Австрија, Хрватска, Унгарија, Словачка и Словенија.
Remove ads
Историја
Како управник на провинцијата, Септимиј Север тргнал кон римскиот царски престол во април 193 година од н.е.
Во 308 година, царот Диоклецијан претседавал на историската средба со неговите со-императори Максимијан и Галериј во Карнунтум, за да ги реши растечките тензии во тетрархијата. Диоклецијан и Максимијан биле присутни на 11 ноември 308 година, за да го видат Галериј да го назначи Ликиниј да биде август на местото на Валериј Север, кој умрел во рацете на Максенциј. Галериј наредил Максимијан, кој се обидел да се врати на власт по неговото пензионирање, да се повлече трајно. Во Карнтунум луѓето го молеле Диоклецијан да се врати на престолот, да ги реши конфликтите што се појавиле со кревањето на власта на Константин Велики и узурпацијата на Максенциј.[1] Одговорот на Диоклецијан: „Ако можете да ја покажете зелката што ја посадив со свои раце на вашиот император, тој дефинитивно не би се осмелил да предложи да го заменам мирот и среќата на ова место со невремето на никогаш задоволна алчност“.[2]
Remove ads
Градови
Некои од поважните градови во Горна Панонија биле:
- Виндобона (денес Виена во Австрија)
- Сискија (денес Сисак во Хрватска)
- Јовија Ботиво (денес Лудбрег во Хрватска)
- Аква Балисае (денес Дарувар во Хрватска)
- Андавтонија (денес Шчитарјево во Хрватска)
- Саварија (денес Сомбатхељ во Унгарија)
- Скарбанција (денес Шопрон во Унгарија)
- Арабона (денес Ѓер во Унгарија)
- Поетовио (денес Птуј во Словенија)
Подоцна употреба
Северниот дел од франкската Марка Панонија од 8 век била наречена Горна Панонија. Името може да се најде дури и подоцна во слично, но пошироко, значење. На пр. Ото фон Фризин (Chron. 6, 15) го користи за да се однесува на Австрија (т.е. вистинска Австрија) во 12 век.
Список на римски управници
- Публиј Метилиј Непос 106-107/8[3]
- Лукиј Миникиј Наталис 113/114-117/118
- Лукиј Корнелиј Латинијан ок. 126[4]
- Корнелиј Прокулс 130/131-133/134
- Лукиј Аелиј Каесар 136-137
- Тит Хатериј Непос 137-ок. 141[5]
- Марк Понтиј Лаелијан Ларкиј Сабин ок. 145-ок. 150
- Клавдиј Максим ок. 150-ок. 155
- Марк Нониј Макрин ок. 159-ок. 162
- Лукиј Дасумиј Тулиј Туск ок. 162-ок. 166
- Марк Јал Бас Фабиј Валеријан ок. 166-ок. 169
- Гај Јулиј Комод Орфицијан ок. 169-ок. 172
- Секст Kвинтилиј Максим ок. 175-ок. 179
- Септимиј Север ок. 191
Remove ads
Поврзано
Наводи
Извори
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads