Птуј

From Wikipedia, the free encyclopedia

Птуј
Remove ads

Птуј (словенечки: Ptuj, латински: Poetovio, германски: Pettau) — град и урбана општина во Словенија. Традиционално овој град е дел од регионот Штаерска, а административно е дел од Подравскиот статистички регион. Градот има население од околу 23,000 жители.[1]

Кратки факти Птуј Ptuj, Држава ...

Птуј е најстар град во Словенија. Целиот централен дел на градот е заштитен како споменик на културата и архитектурата.[2]

Низ градот тече реката Драва.

Remove ads

Географија

Градот се наоѓа на надморска височина 232 m и има површина од 66,7 км2. Се наоѓа во североисточниот дел на Словенија, во средината на Долно Подравје, во Панонската Низина и има субпанонска клима со просечна годишна температура на воздухот 10 °C. Новиот дел на градот со станбени блокови и поединечни куќи се шири на северозападната, северната и североисточната страна.

Денес Птуј е седиште на истоимената општина, една од единаесетте градски општини во Словенија. Населби кои припаѓаат на општината се следниве: Грајена, Грајеншчак, Кицар, Крчевина кај Вуберг, Градски Врв, Пациње, Подвинци, Долни Веловлек и Спухља.

Птуј е значаен транспортен јазол, каде што се вкрстуваат автопатот од Марибор до Загреб и регионалниот пат од Словенска Бистрица, преку Ормож, до Хрватска. Низ градот поминува и желеничка линија која се движи од Прагерско, преку Ормож и потоа продолжува до Мурска Собота и Унгарија и завршува во Хрватска. Птујското Езеро е најголемото вештачко езеро во Словенија.

Remove ads

Збратимени градови

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads