Трговиште (Србија)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Трговиште (Србија)map
Remove ads

Оваа статија е за Трговиште во Србија. За останати места со називот Трговиште, видете Трговиште (појаснување)

Кратки факти Трговиште Трговиште, Држава ...
Remove ads

Трговиште — гратче и седиштето на истоимената општина во Пчињскиот Управен Округ во Србија. Лежи на реката Пчиња. Според пописот од 2022 година, во Трговиште има 1.711 жители, додека на територијата на општината живеат 4.316 жители.

Remove ads

Географија

Во традиционален поглед, територијата на општината приближно се совпаѓа со традиционалната област Горна Пчиња и била дел од северниот дел на поширока Македонија. Општината се граничи со општините Босилеград, Врање, Бујановац и соседната држава Македонија во должина од 47 км.

Надморската височина се движи од 805 метри (во Трговиште), до 1.825 метри на Големи Врх (планината Бела Вода). Земјата има планински карактер и се состои од планини: Бела Вода, Зладовачка Планина, Лесничка Планина, Копљача и Петрова Гора. Реки во Општината Трговиште се: Трипужница, Козједолска, Лесничка Река и Пчиња.

Remove ads

Населени места

Освен гратче Трговиште, општината ги вклучува следниве населени места (традиционалните македонски имиња на местата стојат во загради онаму кајшто се разликуваат од српските):[1]

  • Бабина Полјана (Бабина Пољана)
  • Барбаце (Барбарци)
  • Владовце (Владовци)
  • Голочевац (Голочевци)
  • Горновац (Горновец)
  • Горна Трница
  • Горни Козји Дол
  • Горни Стајевац (Горно Стајовци)
  • Дејанце (Дејани/Дејанци)
  • Долна Трница
  • Долни Козји Дол
  • Долни Стајевац (Долно Стајовци)
  • Думбија
  • Ѓерекарце (Геракарци)
  • Зладовце (Зладовци)
  • Калово
  • Лесница
  • Мала Река
  • Марганце (Марганци)
  • Мездраја
  • Нови Глог
  • Ново Село
  • Петровац (Недокрстеник)
  • Пролесје
  • Радовница
  • Рајчевце (Рајчевци)
  • Сурлица
  • Црвени Град (Црвен Град)
  • Црна Река
  • Црновце (Црновци)
  • Шаинце (Шаинци)
  • Шапранце (Шапранци)
  • Широка Планина
  • Шумата Трница
Remove ads

Население

Во Трговиште живеат 1,413 возрасни лица, а просечната возраст на населението е 37,5 години (36,9 за мажи и 38,1 за жени).

Оваа населено место е претежно населено со словенското население кое зборува торлачки и смета се за српско (според пописот од 2002 година), и забележан е пад на населението.

Повеќе информации Година, Нас. ...

Како дел од традиционална Македонија, селата во оваа општина во минатото биле претежно македонски. Дел од населението се иселило понајуг, во денешниот Североисточен Регион на Р Македонија. По Втората светска војна, бројот на жители на општината бил над 15.000, но оттогаш трае процесот на економско селење на населението во поразвиените области. Денес во општината живеат нешто помалку од 5.000 луѓе.

Економија

Општина Трговиште е најмалку развиена во Република Србија. Општината е далеку од главните железнички патишта, а независноста на Република Македонија и создавањето на физичка државна граница имало особено неповолно влијание на оваа област. Во средината на 1980-тите биле изградени погоните на „Симпо“ (160 работници), „Јумко“ (400 работници) и „Коштана“ (400 работници). Од нив до денес опстанал само погонот на „Симпо“.

Remove ads

Галерија

Познати личности

Наводи

Loading content...

Литература

Loading content...

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads