Горна црква

црква во селото Старавина From Wikipedia, the free encyclopedia

Горна цркваmap
Remove ads

Свети Архангел Михаил, попозната како Горна црквацрква во селото Старавина.[1]

Повеќе информации Местоположба, Општи податоци ...
Remove ads

Местоположба

Црквата се наоѓа на влезот на селото, непосредно од десната страна на патот.

Историја

Според кажувањата на месното население, црквата била градена од страна на српската власт по Првата светска војна со намера нејзиниот подрум да послужи како костурница за загинатите српски војници во овој дел од Македонскиот фронт. Меѓутоа, црквата никогаш не била довршена затоа што не била прифатена од месното население.[2]

Архитектура

Градбата на црквата денес е откриена и запуштена. Таа има правоаголна основа со голема полукружна апсида на источната страна. Влезот е сместен на западната страна. На јужната страна има три слепи ниши, а една слепа ниша има и на апсидата. Објектот е граден од камен.

Во непосредна близина на црквата се видливи бункери како остатоци од фронтовската линија којашто се протегала низ селото за време на Првата светска војна.[2]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads