Долно Родиво

From Wikipedia, the free encyclopedia

Долно Родивоmap
Remove ads

Долно Родиво (грчки: Κάτω Κορυφή, Като Корифи: до 1925 г. Κάτω Ράδοβος, Като Радовос[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 78 жители (2021), сочинето исклучиво од Македонци.[3]

Кратки факти Долно Родиво Κάτω Κορυφή, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во западниот дел на областа Меглен, 16 км југозападно од С’ботско, во источното подножје на планината Мала Ниџе (Кајмакчалан). Горното маало, наречено Горно Родиво (Ано Корифи, Άνω Κορυφή) денес е напуштено.

Историја

Во Отоманското Царство

Во османлиските дефтери на Воденскиот вилает за 1619-20 г. селото се води како Родилова-и зир со 37 даночни домаќинства.[4]

Во 1885 г. во Долно Родиво проработела бугарската пропаганда со отворањето на бугарско училиште.[5]

Меѓу 1896 и 1900 г. селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија[6]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Долно Родиво живееле 250 Македонци христијани.[7][8]

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Долно Радово (Dolno Radovo) имало 504 Македонци под егзархијата и работело бугарско училиште.[7][9] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото се состоело од 45 македонски куќи.[3]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 491 жител, кои во 1920 г. биле на 435.[3] Во 1922 г. селото е преименуваново Като Корифи, што значи „горен врв“.[10]

Во 1940 г. селото пораснало на 599 жители. Меѓутоа, тоа многу настрадало во Граѓанската војна кога поголем дел од жителите морале да се иселат во Р Македонија, а останатите биле преселени од власта во Бизово. По војната, овие малобројни жители се вратиле во селото, па во 1951 г. Долно Родиво е попишано со само 65 лица.[3] Во текот на 1950-тите населението се удвоило, броејќи 121 жител во 1961 г. Оваа бројност се одржала устојчиво[3] сè до почетокот на XXI век, кога почнало да опаѓа, за да се сведе на 62 лица во 2011 г.

Според истражување од 1993 г. селото е чисто „словенојазично“ (т.е македонско) и во него македонският јазик е зачуван на високо ниво.[11]

Remove ads

Личности

  • Ѓорѓи Симеонов — деец на ВМРО, војвода на чета во Воденско за време на Илинденското востание, роден во Долно или Горно Родиво[12]
  • Ристо Јачев (1942 - 2019) — поет, романописец, театарски критичар и преведувач

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Иако ова е планинско село, има поволна клима која овозможува одгледување на многу квалитетни цреши и ореви. Развиено е и сточарството, што се должи на пространите пасишта околу селото.[3]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads