Горчливо Езеро
солено езеро во Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Горчливо Езеро (грчки: Πικρολίμνη, Пикролимни; турски: Acı Göl, Аџи Ѓол) — мало солено езеро во Кукушко на Егејска Македонија, денес во Грција.
Сместено е на територијата на општината Кукуш, 5 километри западно од реката Галик. Нивото на водата во голема мера зависи од годишното време. Јужно од езерото се наоѓа селото Нареш (Неја Филаделфија), а на север Ѓолбаш (Пикролимни).
Езерото нема флора и фауна поради високата соленост — трипати поголема од онаа на Мртвото Море и и затоа денес е познато како „Грчкото Мртво Море“.[1] Познато е по лековитата кал.

По езерото е наречена и поранешната општина Горчливо Езеро, со седиште во с. Али Хоџалар (Микрокамбос).
Remove ads
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads