Хаџилар

From Wikipedia, the free encyclopedia

Хаџиларmap
Remove ads

Хаџилар или Иџиларе (грчки: Ξυλοκερατιά, Ксилокератија; до 1927 г. Γιατζηλάρ, Јаѕилар)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Хаџилар Ξυλοκερατιά, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 20 километри јужно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро, на 30 километри од градот Солун. Селото се наоѓа на надморска височина од 78 метри.

Историја

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хаџилар се состоело од 80 семејства и 316 жители Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Хаџилар имало 470 жители Македонци и 50 Турци[3][5].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 470 Македонци и работело егзархиско училиште[3][6].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1927 година, селото било преименувано во Ксилокератија.[7]

По потпишувањето на Лозанскиот договор, муслиманското население било принудено да го напушти селото.

Remove ads

Демографија

Во пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 62 жители, додека на пописот од 1920 имало 85 жители[8]. Во 1928 година селото било чисто бегалско со 330 жители бегалци.[9]

Градби

Во селото се наоѓа црквата „Св. Ѓорѓи“, која во 1986 година била прогласена за заштитен споменик на земјата[10].

Личности

Родени во Хаџилар
  • Александар (Алексо) Трајков (1889 - ?)[11]
  • Ангел Христов (1881 - ?)[12]
  • Ване Митрев (1877/1882 - ?)[13]
  • Васил Димитров (1892 - ?)[14]
  • Георги (Гоце) Марков Георгиев (1882 - ?)[15]
  • Д. Касанов (1892 - ?)[16]
  • Иван Митров[17]
  • Никола (Коле) Трајков (1882 - ?)[18]
  • Петко Гинев (1884 - ?)[19]
  • Трајко Трајков (1884 - ?)[20]
  • Трајко Наков (1885 - ?)[21]
  • Трајчо Ќосето[22]
  • Христо Атанасов[23]
  • Христо Стоименов Милошов (1884 - ?)[24]
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads