Госпоѓиците од Авињон
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Госпоѓиците од Авињон (француски: Les Demoiselles d’Avignon)[2] — слика создадена во 1907 година од шпанскиот уметник Пабло Пикасо. Делото денеска се наоѓа во постојаната колекција на Музејот на модерната уметност во Њујорк, САД. Сликата прикажува пет голи женски проститутки во бордел на Карер д'Авињон во Барселона. Секоја фигура е прикажана на вознемирувачки конфронтирачки начин. Жените се претставени со аголни и неповрзани форми на телото. Три фигури од левата страна покажуваат одлики на лицето во ибериски стил, додека двете на десната се прикажани со одлики на африканските маски. Расистичкиот примитивизам евоцирал во овие маски, според Пикасо, го поттикнал да „ослободи сосема оригинален уметнички стил на огромна, дури и дивјачка сила“.[3][4][5]
Во оваа адаптација, Пикасо направил радикално отстапување од традиционалното европско сликарство. Оваа прото-кубистичка работа се смета за плодна во раниот развој на кубизмот и модерната уметност.
Les Demoiselles d’Avignon во времето кога била направена, предизвикала револуционерно и контроверзно мислење и довело до широк распространет гнев и несогласување, дури и меѓу најблиските соработници и пријатели на сликарот.
Во времето на својата прва изложба во 1916 година, сликата се сметала за неморална.[6] Делото, насликано во студиото на Пикасо во Монмартр, Париз, било објавено јавно за првпат во Салон де Антин во јули 1916 година, на изложбата што ја организирал поетот Андре Салмон. На оваа изложба, Салмон го дал денешниот наслов на сликата, која претходно била позната како „Филозофски бордел“, со цел да се намали нејзиното скандалозно влијание врз јавноста.[2][7][8][9] Пикасо, кој секогаш ја нарекувал „мон бордел“, никогаш не ја засакал титулата на Салмон.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads