Гоцев Врв

врв на планината Славјанка (Али Ботуш) помеѓу Пиринска и Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Гоцев Врвmap
Remove ads

Гоцев Врв (бугарски: Гоцев връх; до 1942 г. Али Ботуш, од 1946 до 1951 г. Алиботуш[1]; грчки: Τσολιάς – Цољас, Αλή Μποτούς – Али Ботуш) — највисокиот врв на планината Славјанка (Али Ботуш) на границата помеѓу Пиринска и Егејска Македонија. Висок е 2.212 м.

Кратки факти Гоцев Врв, Највисока точка ...
Remove ads

Местоположба

Врвот се издига на главното планинско било на југозапад од Голем Царев Врв и на исток од врвот Шабран. На северозапад од Гоцев Врв се наоѓа големата карстна вдлабнатина наречена Сухото Езеро. Врвот е масивен, оцртан од југоисток со висока карпеста стрмнина Козјата Стена. Сочинет е главно од протерозојски мермери. Почвата е тенка кафеава шумска. Падините се обраснати со високопланинска тревна растителност. Се среќаваат многу ендемски растенија. По билото поминува државната граница меѓу Бугарија и Грција. Југоисточно од врвот стои граничната пирамида бр. 100.[2]

Remove ads

Име

До 1951 г. врвот го носел името Али Ботуш. Новото име му е дадено во чест на големиот македонски револуционер Гоце Делчев.

Туризам

Гоцев Врв е вклучен во иницијативата „Освојувач на 10-те планински првенци“ на Бугарскиот турстички сојуз. Печат има во планинарските домови „Славјанка“ и „Извора“.

Искачување

Главни приоди за искачување на врвот се планинарските домови „Славјанка“ (над с. Парил) и „Извора“ (над с. Петрово), како и селото Караќој во Драмско од егејска страна.

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads