Петрово (Пиринско)
село во Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Петрово — село во Општина Свети Врач, Пиринска Македонија, во југозападниот дел на Бугарија.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото Петрово се наоѓа во планинскиот регион во северното подножје на планината Славјанка, оддалечено само 6 километри од бугарско-грчкиот граничен премин. На речиси исто растојание, на околу 610 метри надморска височина, се наоѓа месноста Извора, од каде што извираат водите на Петровска Река. Петрово припаѓа на историско-географската област Мрвачко, а дел од истата етнографска целина претставуваат и пограничните села на грчка територија.
Remove ads
Историја

Петрово е старо село. Нема точни податоци за неговото формирање, но при ископувањата за изградба на ХЕ „Петрово“, пронајдени се остатоци од римска бања. Во 1997 година при реставрација на централната црква „Св. Петар и Павле“ во селото се откриени скелети од ранохристијанска ера во темелите на храмот.
Според османлиските даночни регистри на немуслиманското население од вилаетот Тимур Хисар од 1616 - 1617 година, Петрово било село со вкупно 109 домаќинства изнесувал.[2]
Во XIX век Петрово е големо село со мешано население и припаѓа на Демирхисарската каза на Серскиот санџак.
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Ковачево е село со 100 домаќинства и 330 жители, Македонци.[3][4]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 1.350 жители, од кои 950 Македонци[4], 280 Турци и 120 Роми.[5]
Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1.224 Македонци егзархисти[4] и 60 Власи.[6]
Remove ads
Стопанство
Демографија
Според пописот од 2011 година, во селото живееле 632 житела, од кои најголел дел од населението се запишани како Бугари.[4][7]
На табелата е прикажан националниот состав на населението во селото:[8]
На табелата е прикажан бројот на населението во Петрово за периодот 1934-2011:[7]


Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Културни и природни знаменитости
На 2 километри северно од селото се наоѓа месноста Пештери, село од XIV-XVII век со развиена грнчарска и земјоделска култура. Остатоците од старата населба сè

уште се видливи таму и жителите на Петрово делумно го имаат обновено храмот. На 2 километри југоисточно од селото се наоѓа параклисот „Свети Илија“ каде што населението редовно се собира за празникот Илинден.
Во селото има три цркви: „Свети Петар и Павле“, „Свети Атанасиј“ и „Света Дева“. За време на Отоманското Царство во селото постоела голема џамија и конак, но за време на Балканските војни (1912-1913) тие се срушени.
На околу 5 километри источно од селото се наоѓа пештерата Рупата, со длабочина од 45 метри.
Remove ads
Редовни настани
Личности
Починати
- Ангел Харизанов (Спанчево, 1870 - Арамиска Чешма, Серско, 1902) — македонски револуционер, мелнички војвода и член на Македонската револуционерна организација - загинат е во близина на Петрово.
Култура и спорт
Иселеништво
Надворешни врски
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads