Гравитациска константа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гравитациската константа (G) е емпириска физичка константа која го определува гравитациското привлекување помеѓу телата што имаат маса. Константата фигурира во Њутновиот закон за општата гравитација и Ајнштајновата општа теорија за релативноста. Затоа е позната како универзална гравитациска константа или Њутнова константа. Ова не е исто што и g, што ја претставува локалната Земјина тежа (истоветна со забрзувањето при слободен пад[1]).

Согласно Њутновиот закон за гравитација, силата на привлекување (F) помеѓу две тела е правопропорционална на производот од нивните маси (m1 и m2), и обратнопропорционална на растојанието помеѓу нив (r) дигнато на квадрат:
Константата на пропорционалност, G, е гравитациската константа.
Од сите физички константи, гравитациската константа е најтешко да се измери прецизно.[2] Во SI единици, (со стандардната неодреденост во загради) изнесува:[3]
со релативна стандардна неодреденост од 1,2⋅10-4,[3] или 1 дел од 8300.
Remove ads
Димензии, единици и величини
Зададените димензии на гравитациската константа во горенаведената равенка (должината на куб, поделена со масата и времето на квадрат) наоѓаат широка примена во равенките за гравитација. Меѓутоа овие димензии имаат фундаментално значење кога се изразени во Планкови единици: изразена во SI единици, гравитациската константа е димензионално и бројчено еднаква на кубот на Планковата должина поделена со Планковата маса и Планковото време на квадрат.
Кај природните единици, чиј најдобар пример се Планковите единици, G и другите физички константи како c (брзината на светлината) може да се сметаат за еднакви на 1.
Во многу учебници, димензите на G се изведени од сила за полесно сфаќање:
Во СГС, G може да се претстави како:
G може да се претстави и како:
Доколку периодот P на објект во кружна орбита околу сферен објект се поведува по
каде V е волуменот во полупречникот на орбитата, па затоа оттука гледаме дека
Овој начин на изразување на G го покажува односот помеѓу просечната густина на една планета и орбиталниот период на сателит што кружи над површината.
Во некои полиња на астрофизиката, каде растојанијата се изразуваат во парсеци, G се изразува со брзина во километри во секунда (km/s), а масата во сончеви единици ():
Remove ads
Поврзано
- Диракова хипотеза за големите броеви
- Космолошка константа
Белешки
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads