Градевска Река

река во Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Градевска Река (или Еловица) — река во Разлошко и Горноџумајско, Пиринска Македонија, лева притока на Струма. Долга е 31 км и одводнува делови од Југозападна Рила и најсеверниот дел на Пирин.[1]

Кратки факти Градевска Река Еловица, Местоположба ...

Реката извира под името Злата Река на надморска височина од 2.054 м, 300 м југозападно од врвот Капатник (2.170 м) на Југозападна Рила. Првите 5 км тече на југ како буен планински поток, стасува до месноста Предел (1.140 м.н.в.) и свртува на запад-северозапад. До устието се смета за граница меѓу планините Рила на север и Пирин на југ. До с. Градево тече во благо наклонета и добро пошумена долина под името Еловица, каде оддесно ја прима најголемата притока Осеновска Река и свртува на југозапад. По селото веќе се нарекува Градевска Река и долината малку се проширува, но тука страните се веќе соголени, коритото и широко и исполнето со силни наноси. Завршува како лева притока на Струма во градот Симитли.

Сливот на реката зафаќа 253 км2, што претставува 1,35 % од вкупниот слив на Струма.

Главни притоки: → лева, ← десна

  • → Мразеница
  • → Струшка Река
  • ← Маревска Река
  • Осеновска Река (најголема)
  • → Порогочка Река
  • → Свинедолско Дере

Градевска Река се напојува претежно од снег и дожд. Најполноводна е во мај и јуни, а најслабоводна во август и септември. Средниот годишен истек во устието изнесува 1,91 м3.

По течението на реката има само две населени места: селото Градево и градот Симитли, обете во Општина Симитли. Во горното течение е одморалишното место Предел.

Од устието на реката кај градот Симитли до месноста Предел, во должина од 25,4 км по долината минува делница од државниот пат II-19: Симитли – Мехомија (Разлог) – Неврокоп – ГП „Либјахово - Везме“ („Илинден - Ексохи“) за Драмско, Егејска Македонија.

Remove ads

Карта

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads