Осеновска Река
река во Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Осеновска Река (во горното течение: Раковица) — река во Горноџумајско (Општина Симитли), Пиринска Македонија, десна притока на Градевска Река. Долга е 19 км и одводнува делови од Југозападна Рила.[1]
Река извира под името Раковица од Арамлиски Кладенец, на надморска височина од 2.269 м во југозападниот дел на Рила. Тече во релативно широка и добро пошумена долина до северното подножје на врвот Моравица на запад и северозапад, а потоа свртува на југозапад и тече во тој правец сè до устието. Завршува како десна притока на Градевска Река од сливот на Струма, до поранешниот стопански двор на селото Градево.[1]
Сливот на реката зафаќа 88 км2, што претставува 34,78 % од вкупниот слив на Градевска Река. Главна притока е Топлица (лева). Осеновска Река се напојува од снег и дожд; најполноводна е во мај и јуни, а најслабоводна во август и септември. По течението на реката има само едно населено место — село Долно Осеново во Општина Симитли.[1]
Remove ads
Карта
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads