Градиште (Големо Илино)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Градиште — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Големо Илино. Претставува населба од хеленистичко и доцноантичко време. Се наоѓа на 1,2 км североисточно од селото, на висок рид што се издига над Илинска Река. На површината се гледаат остатоци од одбранбен ѕид - бедем, а во оградениот простор има фрагменти од доцноримски керамички садови, питоси и множество градежен материјал. Најдени се и повеќе монети од IV-VI век (Константин I, Јустинијан I), како и предримски монети од Александар III Македонски, ковани во Пела. Монетите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.[1]
Remove ads
Поврзано
- Висои — доцноантичка некропола;
- Присои — населба и некропола од доцноантичко време;
- Старо Село — населба од средниот век;
- Св. Петка — црква и некропола од средниот век;
- Големо Илино;
- Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads