Големо Илино

село во Општина Демир Хисар From Wikipedia, the free encyclopedia

Големо Илиноmap
Remove ads

Големо Илино — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Низ селото

Атарот на селото зафаќа површина од 20,6 км2, кој се состои од 327,8 хектари обработливо земјиште, 628,4 хектари пасишта и 925,6 хектари шуми.

Големо Илино се наоѓа на надморска височина од околу 980 метри.

Соседни села на селото Големо Илино се: Мало Илино од југ, Велмевци од север, Железнец од исток, и Велмеј и Брежани од запад и југозапад.

Историја

Во XIX век, Големо Илино се наоѓало во Битолската каза, нахија Демир Хисар, во Отоманското Царство.

Во минатото постоело само едно село Илино, тоа село постоело кај Црква „Св. Илија“, на самата граница со областа Дебрца. Но тоа село таму пропаднало,по што останале двајца браќа, поголемиот брат го основал селото Големо Илино, а помалиот брат го основал селото Мало Илино.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Големо Илино имало 640 жители, сите Македонци христијани.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Големо Илино имало 624 жители.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 600 Македонци.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото живееле 52 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 13 жители, од кои 10 Македонци и 3 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Големо Илино е македонско село.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[12]

  • Староседелски и доселенички со непозната старина се: Степановци (9 к.), Стојковци (13 к.), Раповци (1 к.), Ѓорговци (18 к.), Ремковци (8 к.), Чобановци (7 к.), Чукалковци (5 к.), Рутевци (8 к.), Роговци (4 к.) и Вилиповци (5 к.).
  • Доселени со позната старина: Митановци (4 к.) доселени се од селото Патец, Кичевско. Го знаат следното родословие: Косте (жив на 65 г. во 1952 година) Сиљан-Цветан-Илко-Митан, кој се доселил во селото; Велковци (14 к.) и Рапевци (9 к.) доселени се од мијачкото село Гари. Во првиот род се знае следното родословие: Паун (жив на 60 г. во 1952 година) Ѓоргија-Најде-Велко, кој се доселил; Карабашовци (4 к.) доселени се од денес раселениот град Закамен.
Remove ads

Самоуправа и политика

Thumb
Патокази во селото

Селото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на некогашната Општина Сопотница.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Долнени, во која покрај селото Големо Илино, се наоѓале и селата Бабино, Базерник, Брезово, Доленци, Железнец, Мало Илино и Средорек. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Железнец, во која влегувале селата Големо Илино, Железнец и Мало Илино.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 646 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на задружна зграда.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 48 гласачи.[14]

Remove ads

Личности

Родени во Големо Илино

  • Секула Најдов Карабашовски — македонски револуционер од ВМОРО. Дејствувал во Демирхисарско. Дел од четата на Јордан Пиперката, кај кого добил заклетва. Учествувал во борбите со турскиот аскер кај Прибилци, Карбуница, Боиште и Бабино.[15]
  • Соколе Иванов Караџовски (Караџов) — македонски револуционер од ВМОРО. Активно учествувал во борбите против турскиот аскер, дел од четата на Алексо Стефанов, кај кого и примил заклетва.[16]
  • Симјан Чукалков Крстески (р. 1866 - ? ) — македонски револуционер од ВМОРО. Бил дел од четите на Алексо Стефанов и Петар Чаулев.[17]
  • Сиљан Вељанов Крстески (р. 1871 - ? ) — македонски револуционер од ВМОРО. Дел од четата на Јордан Пиперката. Учествувал во борбата кај Прибилци.[18]
  • Никола Мицков Крстевски (р. 1871 - ? ) — македонски револуционер од ВМОРО. Дел од четата на Павле Трајков, учествувал во борбите со турскиот аскер кај селата Прибилци и Карбуница.[19]
  • Мате Николов Крстевски — македонски револуционер од ВМОРО. Добил заклетва од Јордан Пиперката. А потоа бил дел од четата на Павле Трајков. Учествувал во борбата со турскиот аскер кај селото Прибилци.[20]
  • Цветан Николов Кулумовски (р. 1872 - ? ) — македонски револуционер од ВМОРО. Добил заклетва од Јордан Пиперката во 1902 година. Учествувал со Јордан Пиперката во борбите против турскиот аскер кај селата Брезово и Цер.[21]
  • Трајко Дојчинов Миленкоски — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
  • Јон Јанкулов Милошески — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
  • Илија Андонов Михајлов — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
  • Стојко Најденов Мицкоски — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
  • Кузман Илијов Станоевски — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
  • Ванчо Сиљанов Станоевски — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
  • Блаже Ристев Стојаноски — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
  • Варвара Ристева Рутеска — македонска револуционерка од ВМОРО.[24]
  • Доне Стојанов Рутески — македонски револуционер од ВМОРО.[24]
  • Димитрија Наумов Ѓоргијовски — македонски револуционер од ВМОРО.[25]
  • Ташко Аврамов Иваноски — македонски револуционер од ВМОРО.[25]
  • Ристо Лозаноски - македонски уметник
Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[26]
Цркви[27]
Манастири
Реки
Remove ads

Иселеништво

Огромен број на население од ова село се има иселено, што се должи на негрижа на властите за селата во Македонија, посебно планинските. Од 1956 година, па наваму од ова село се имаат иселено преку 120 семејства, и тоа во: Битола, Скопје, Прилеп, Демир Хисар, Охрид, Ресен, Струга, но и во Долно Оризари, Сопотница, Прибилци, Кравари, Горно Оризари, Белче, Црновец, Суводол, и сл. Од странство иселеници има во: Австралија, САД, Канада, Шведска, Австрија, Србија (Белград), Хрватска (Загреб), Бугарија (30 семејства) и др.[12][29]

Remove ads

Галерија

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads